-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

(Фото) Доделни третоноемвриски награди, најпрестижните награди на град Прилеп

По повод денот на ослободуваето на Прилеп, 3 ти Ноември на Свечена седница на Советот на Општина Прилеп, во НУЦК „Марко Цепенков“  беа доделни 3то ноемвриски признанијата и наградите на поединци, асоцијации  и компании кои дале свој придонес во за афирмација, промоција и развој на Прилеп.

Годинава, Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп им додели “латна плакета за животно дело“ на тројца истакнати прилепчани: Академик, д-р Валентин Мирчески, за особен придонес во природноматематичките и биотехничките науки, на примариус д-р Благоја Дамески и на Диме Попоски за особен придонес во музиката, режијата и во филмот.

Третоноемвриски плакети по повод „3-ти Ноември“, Денот на ослободувањето на Прилеп, им беа доделни на: музичката група „The Hounds“ за петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија, компанијата GENTHERM за општествено одговорна компанија, на младинска екипа на ФК Победа за афирмација на спортот во Европа, на Територијална противпожарна единица – Прилеп (ТППЕ) за надчовечки напори за заштита на населението и околината, на фабриката „Технобен Нова„ – Прилеп, за  развивање на современи трендови во индустријата, на слаткарницата ,,Шар” за 60 години јубилеј, на ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп, за  хуманитарно работење во својата дејност, на група верни пријатели на манастирот „Трескавец„ за помагање и одржување на духовната врска и на пчеларското здружение ,,Братство”  за 70 години јубилеј.

Третоноемвриски дипломи за поедници по повод „3-ти Ноември“, Денот на ослободувањето на Прилеп, им беа доделени на: ученикот од гимназијата „Мирче Ацев“, Петар Мирчески за бронзен медал на хемиска олимпијада, на библиотекарот, д-р Наде Караџоска за истражувачка дејност во сите области на библиотекарството, на Теодора Димеска како женски репрезентативец на Македонија во џудо, на професорката по музичка култура, при гимназијата „Мирче Ацев“, Татјана Иваноска за посветено работење со млади уметници, на музичкиот менаџер и хуманитарец, Хари Сековски за хуманитарец од дијаспората и на медицинската сестра, Елизабета Настеска за совесно работење во службата.

 

Година, по повод 79 години од Денот на ослободувањето на Прилеп од фашистичкиот окупатор, Приле градот херој празникот го одбележа со тридневна програма, збогатена со ниаза културни, хуманитарни и спортски под мотото “Борец, херој, хуманист“

 

Би можело да ве интересира

Прилепските танчери патуваат на европскиот натпревар во Сараево

Гордана Цветаноска

Палачинкијада: слатко задоволство за сите, а признанија за првенците на генерацијата

Гордана Цветаноска

(Видео) Кој е тајниот загадувач што ги труе прилепчани?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе