3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јанческа: Не ни требаат социјални пакети, ние сме обесправени пензионери кои ја градеа оваа држава

Трет месец прилепските пензионери протестираат со блокади на улиците во Прилеп. Денеска во траење од 1 час блокирана беше крстосницата Чумовчани. Пензионерите го испорачаа барањето за линеарно покачување од 5 000 денари на примањата и јавно ги повикаа пратеникот од Пензионерската партија, ресорната министерка, актуелниот претседател како и поранешните претседатели Црвенкоски и Иванов да појдат утре пред Владата во Скопје и да ги чујат нивните барања. Вера Јанческа од Иницијативниот одбор на денешниот протест посочи дека неодамна оствариле средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, а утре ќе протестираат пред амбасадите на САД, Холандија, пред Обединетото Кралство, пред ЕУ и пред Владата во Скопје.

„Веќе 3 месеци сме на улица, сите пензионери од Република Македонија. Од власта за жал немаме никаков одговор, но ветувања при секоја средба: ветуваат дека сега работна група ќе даде извештај, во вторник ќе даде извештај, наредната недела ќе даде извештај. До ден денеска не сме добиле никаков одговор. Она што го поткренаа од 5, 3 отсто беше ненајавено, значи ние воопшто не знаевме дека толку ќе биде покачувањето, мизерно, кое што на пензионерите ништо не им претставува, зборувам за пензионерите со ниски примања. Пензионерите со високи примања секако ќе ги примат тие пари, дали линеарно што ние ги бараме или процентуално . Но, овие луѓе до 13 300 до 13 500, до 13 700 тие колку ќе земат пари: со 600 ден, со 700 денари? Дали тие со тоа ќе можат да покријат, дали дел од лековите, или дел од храната или за обезбедување за домот?

Сосема ништо! Меѓутоа видовме дека од нашата власт немаме никакви очекувања и затоа презедовме поголеми чекори: пред неколку дена бевме во ОБСЕ, разговаравме и ги изнесовме нашите проблеми. Истите се испратени во Брисел, со очекување Владата да ги исполни барањата на пензионерите. После неколку денови, бидејќи имаме дописи до сите амбасади, добивме повик од Европската унија. Со Гир бевме на разговор, кој што беше премногу изненаден за нашите збиднувања, кој што рече дека ги видел протестите на администрацијата, на судската и на обвинителската администрација, меѓутоа пензионери да штрајкуваат се случува прв пат. Жално е но, вистинито. Тие од 2018 та година наваму, од јули 2020 година го осиромашија пензионерот со една третина од постоечкиот број на пензионери. Досега само пензионерите не ја напуштаат Македонија, но со ваков терк и со вакви примања, со ваков јаз на пензии, некои 70 илјади, некој 60, некој 45, а некој 10 500 денари!!! Се прашувам каде им е образот и лицето на тие што треба да не’ заштитат и да не’ застапуваат, односно тие што живеат од нашите пари. Од нашите пари Станка со нејзините ограноци, значи живее на грбот на пензионерите. Таа е удобно сместена во кожните фотелји и вели дека таа работи. Што работи кога нејзините пензионери се на улица? Дали е тоа за неа работа? Штрајк со работа нема. Таква категорија не познава ниту законот, ниту Уставот. Кога се штрајкува се знае за што.

Нареден чекор кој што треба да го направиме утре е пред амбасата на САД. Тоа е семакедонски бунт на пензионерите. Пензионерите се храбри, некогаш партизаните оделе во планина, но сега за жал нашите пензионери се на улица, секојдневно, но за жал власта нема слух.

Страшно е за нас како еднаш претседателот на Република Македонија кој е татко на Македонија не најде за сходно да не’ спомне, барем како категорија, да рече оваа група на луѓе нека не’ погледне и нека рече – за што ние се наоѓаме тука?

Се запрашав како Илија Николоски, пратеник од пензионерите, од нашата средина помина 2 мандати во Собранието кога ништо не стори за пензионерите, поточно за пензионерите со ниски примања? Тој си зеде 78% покачување, може зема 120 илјади денари и другите бенефити што ги ужива, како еднаш не рече – зошто 5,3 покачување? Како еднаш не рече ајде да им овозможиме на пензионерите барем 3,5 или 5 илјади денари, да им го олесниме животот. За жал, тој се грижи само за својот џеб, и освен спиењето, тој не чувствува вина кон себе и кон пензионерите, бидејќи тој го преспа животот во Собранието. Човекот што е појден да спие на тие удобни фотелји во собранието не може да мисли дека пензионерите страдаат.

Поздрав до Бранко Црвенкоски кој е еден од пензионерите со највисоки примања и највисоки ингеренции кои што ги поседува со лично обезбедување, со коли на грбот наш. Истото важи и за Ѓорге Иванов, каде се? Еве ги повикуваме јавно одовде од градот Прилеп, борец, утре во 12 часот нека го слушнат нашиот глас, нека дојдат пред Владата нека го слушнат нашиот глас, нека им порачаат на оние кои што им обезбедија толкава висока пензија, нека им порачаат нека ни ги удоволат нашите барања – линеарно зголемување од 5 илјади денари за секој пензионер. Ние не сме себични, не бараме само за пензионерите со ниски примања, бараме за сите пензионери, за сите категории. Затоа нека излезат нека го поздрават народот. Зошто се кријат од пензионерите? Станка воопшто не се појавува, некни легнаа пензиите на сметките и Станка доби огромен износ на пари и таа наместо да им каже на ограноците „ве молам пуштете им автобуси на пензионерите, утре да дојдат во Скопје,“ таа прати допис и им забрани да ни дадат автобуси. Од иницијативниот одбор на Прилеп беа на состанок со Извршниот одбор на Здружението кои што требаше да одлачат барем 3 автобуси да ни дадат, но тие не ја кренаа главата ниту да ги погледнат во нашите луѓе, а не да дадат автобуси. Само после 2 дена од како луѓето побараа автобуси за Скопје, тие заминаа за Грција. Со што заминаа? Со оние 440 илјади кои што им легнаа на сметката од пензијата за месец октомври? Со тие пари, тие заминаа Грција. А овие луѓе секојдневно без разлика дали е 45 степени, или на ветер или дожд, тие беа тука и ќе бидеме тука. Ние нема да се откажеме и не се откажуваме. Ако мислат дека на енергија ќе не’ добијат и како што милува Јованка да каже: Пуштете ги нив, тие се пензионери, ќе си паткаат, ќе си паткаат и ќе си седнат дома. Почитувана министерке,  не седнуваме дома, ако вашите 180 илјади ве топлат, нашите 11 илјади не не’ топлат. Ние за да седиме дома, треба да имеме затоплување, треба да имаме дрва, струја, ние немаме ништо. Затоа им порачуваме: Излезете и доста со тие работни групи не’ залажувате. Нас не ни требаат социјални пакети, социјалните пакети чувајте ги за социјални случаи. Ние сме работеле по 40 години, по 35 години, а луѓето кои што не овозможиле работен стаж од по 15 години кои што транзицијата ги избрка на улица, ги остави без корка леб, помогнете им! Ако може испаѓа дека во парламентот си работел само Али Ахмети затоа што тој обезбеди пензии за 100 илјади од Косово кои примаат македонски пензии. Нека не не’ залажуваат дека ние ќе сме направеле дупка во Буџетот. Како тие не направија „буџетска дупка“ со нивните 78 % ? Нека има доблест министерката и утре нека излези на бина нека го извади договорот кој што го склучи нејзиниот директор од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со министерот од Косово за пензиска соработка. Нека кажи колку имаме пензионери од Косово, а колку од Македонија! Имаме пензионери по рамковен договор кои што воошто немаат ниеден ден на работа поминато но, за жал од 2001 наваму тие се стекнаа со тие 15 години стаж сега веќе имаме такви пензионери кои што воопшто не влегоа во работните организации. Ги земаат највисоките пензии, плати по 60 илјади. Нека слушне македонскиот народ гласот на пензионерите, стечајците, земјоделците, оние кои што немаат потполна пензија, родителите на децата со хендикеп, со церебрална парализа ги повикувам нека излезат и нека се изборат за своите права. Ако некој без ни еден ден работен стаж зема пензија, ќе мора да земаат и тие пензија. За тоа се бориме, рече Вера Јанческа, член на Иницијативниот одбор од пензионерските протести.“

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Oткупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм

Елизабета Филипоска

Што им е потребно на младите во Општина Кривогаштани?

Гордана Цветаноска

Шест девојки во Прилеп ќе се фрлаат по Светиот крст од пријавени над 110 лица

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе