1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Мала делегација одржа комеморација во чест на жртвите од Првата Светска Војна на германските гробишта во Прилеп

Во Прилеп на воените германски гробишта, каде се погробани останките на 1683 германски војници, кои загинале во Првата Светска Војна ( само 60 се од Втората Светска Војна) , се одржа комеморација во спомен на загинатите,  по повод Денот на примирјето од Првата светска војна (“Commémoration du 11 novembre 1918”) и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“).  Без  присуство на јавноста, како никогаш досега, мала група, амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер и Амбасадорката на Сојузна Република Германија,  Петра Дрекслер ,  градоначалникот на Прилеп и пресатавници од АРМ, положија венци и свежо цвеќе на германските воени гробишта.

Овој меморијален простор во Прилеп е посебно значаен за германскиот народ,  бидејќи на овие гробишта е закопан Хенрих Еберт (Heinrich Ebert), синот на првиот претседател на Германија Фридрих Хеберт (Friedrich Ebert 1871–1925).

 Денот од завршувањето на Првата Светска Војна, амбасадите на Република Франција и  Сојузна Република Германија заедно го одбележува церемонијално на Француските воени гробишта во Битола.

 Инаку, на германските воени гробишта во Прилеп,покрај гробовите на германските војници, се наоѓаат гробовите и на уште 40 Австро-унгарски војници, на 39 Бугарски, на 33 војници од поранешна Југославија, на 21 од Романија, на 10 од Русија,  на 8 од Албанија и на 5 Турски војници, сите загинати на фронтот кој што водел на територијата на Македонија.

За жал, иако голем број на Македонци учествуваа во оваа војна, мобилизирани од различни војски, нивните имиња и гробови не се споменуваат, ниту пак државата има изградено спомен обележје во чест на загинатите Македонци од Првата Светска Војна. Непосредно пред започнувањето на Првата светска војна, Македонија била поделена на три дела, а македонскиот народ се наоѓал под власта на СрбијаБугарија и Грција. По започнувањето на Првата светска војна сите три држави извршиле мобилизација на население од Македонија во своите војски, при што биле мобилизирани околу 200 илјади луѓе – во српската околу 50 илјади, во бугарската околу 120 илјади и во грчката билизи 20 илјади Македонци.

Првата светска војна заврши на 11 ноември 1918 година. Позната е како Големата војна и се смета за една од најсмртоносните конфликти во историјата. Се проценува дека биле мобилизирани повеќе од 70 милиони лица, вклучувајќи и 60 милиони Европејци, а загинале повеќе од девет милиони борци и седум милиони цивили. На германските гробишта во Прилеп секоја година се одбележува Денот на примирјето.

 

Би можело да ве интересира

Хиротонисан епископот Велички, г. Никола кој беше игумен на манастирот „Св. Николај Чудотворец„ во Мариово

(ВИДЕО)МАНИФЕСТ НА ЛОКАЛНИТЕ НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА

Пела Редакција

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СВ.АРХАНГЕЛ МИХАИЛ (АРАНГЕЛОВДЕН)

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе