11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп повикува на одговорност за состојбите во македонското здравство

Состојбите во здравството беа тема на денешната прес конференција на Александра Димова од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

Нема дно кое СДС не го проби! Toa се оние во чие време се случува невиден скандал на Онкологија, Истите оние во чие време се случува невиден скандал со онкологија, се случуваат немили настани со загубени човечки животи, без око да им трепне си организираат некаква партиска трибина од областа на здравството. Какво бесрамно, нечовечко и дрско однесување! Оние кои го уништија здравствениот систем, ќе зборуваат за некаква заштита и грижа за човечкото здравје?! Само бесрамно, нечовечко и дрско однесување! Оние кои го уништија здравствениот систем, ќе зборуваат за некаква заштита и грижа за човечкото здравје?! Наместо централната власт и директорката Кети Смилеска, со конкретни мерки да се зафатат со средување на хаосот во здравството каков што не се памети од претходно, се занимаваат со партиски трибини, на кои за иронијата да биде уште поголема главен гостин беше и Венко Филипче, еден од главните виновници за катастрофалната состојба во овој ресор. Дали овие луѓе ги интересира пожарот и човечките жртви во модуларната болница? Ги интересира ли монструозниот случај на Онкологија за кој во нормална држава досега ќе имаше почетен исход и поединци ќе беа во притвор? Ги интересира ли катастрофалното менаџирање во време на корона, период во кој Прилеп поради нивната неспособност беше врвот на црната статистика по број на починати? Се осмелуваат ли да говорат за безредието во прилепската болница, за кое низ неколку прес конференции алармиравме во минатото? После немилиот настан од пред некој ден, оставка, е најмалата работа која во овој момент може да ја направи директорката Кети Смилеска, нешто кое требаше да го стори претходно. Доста е со криење зад кратките соопштенија зад институцијата со која раководи. Јавноста заслужува одговор од Смилеска за тоа како се организирани дежурствата во болницата? Дали еден педијатар дежура на две одделенија? Дали е точно дека дежураат општи доктори и специјализанти на ортопедија и хирургија? Вината наместо како по обичај да се бара во жртвени јагниња, треба да се побара во лошото менаџирање и незнаењето на раководниот тим. Воедно доколку директорката нема храброст да си поднесе оставка, го повикуваме министерот за здравство да ја разреши. Доаѓа време кога ќе се преиспита и работата на финансовиот директор на оваа институција. Времето на изигрување шерифи со државни коли и ресурси завршува. По падот на СДС ќе следи сигурно одговорност за сите што се огрешиле пред законот!

Би можело да ве интересира

Ќе се спроведува трета фаза за уништување ларвени форми на комарци во прилепско

Пела Редакција

Јованоски, денеска советникот од Левица, стигна пред суд поради навреда на Заев на 11 ти Октомври во криптата на Могилата

Елизабета Филипоска

Споменикот на Крали Марко осамна со кукасти крстови

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе