11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Реализацијата на развојните планови во Прилеп наместо за една се развлекува за две наредни години

Советот на Општина Прилеп ја одржа 34 тата редовна седница на која беа донесени повеќе одлука во врска со реализацијата на Буџетот за тековната година, кој како што потенцира претседателот на Советот на општината Проданоски морал да претрпи прекројување. Имено станува збор за средства од  8,5 милиони денари планирани во основниот Буџет на општината, но скратени од страна на централната власт.

– Мораше за да се вклопат оние средства  кои што значат блок дотации за плати и надоместоци во основното и средното образование, во библиотекарството, во детските градинки, во старскиот дом и во пожарната затоа што станува збор за зголемување на месечните примања за вработените во овие институции и со тоа мораше тие средства дојдени како зголемени во блок дотациите од централниот Буџет да се вклопат во општинскиот Буџет за да можат да се исплатат и преостанатите 2 плати во текот на оваа 2023 та година. Она што може да се забележи е негативен тренд и тоа што повеќе од 8 и пол милиони денари се скратени како директна инјекција која што стигнува од централниот Буџет, односно основниот Буџет на општина Прилеп беше намален за 8 и пол милиони денари кои што нема да се слеат оваа 2023 година од ставката за блок дотации од  ДДВ .

Прилепскиот Совет одлучи да се реализираат 6 развојни програми, кои наместо за една ќе се реализираат за 2 години со цел да не се оптоварува дополнително Буџетот на општина Прилеп и товарот да се распредели поради обврските од минатите години. Со нив опфатена е рехабилитацијата уличната инфраструктура; изградба на модуларна болница зад УЈП; изградба на две кружни – кај Цепенков и во населбата Димо наредникот на улицата „Александар Македонски“; дооформување на две улици во индустриските зони кај Металец и кај Жито Прилеп.

-Со овие 6 развојни програми кои се развлечени на 2 години би потрошиле 182 милиони денари од основниот Буџет на општината, би се плаќале во 2 наредни години. Со тоа не го оптоваруваме дополнително Буџетот на општина Прилеп за да падне на товар на една година, бидејќи имаме обврски и од минатите години,презедовме и оваа 2023 година обврска по однос на рехабилитацијата на улиците и се провлекува до крајот на мандатот до  2025 година овие проекти да станат реалност, “ рече Проданоски со напомена дека до крајот на годината, ќе се креира новиот Буџет за 2024 и во него ќе бидат поместени проекти за реализација по она што не е зафатено од основниот Буџет.

На оваа 34  седница беа донесени одлуки и за финансиските квартални извештаи на јавните комунални претпријатија од третиот квартал од годинава.

Би можело да ве интересира

Новогодишна посета на прилепскиот градоначалник на дежурните служби

Гордана Цветаноска

“Глембаеви” викендов на репертоарот на театарот “Војдан Чернодрински”

Елизабета Филипоска

Николовска: Утре официјални информации за ново тестираните лица од Институтот за јавно здравје – Скопје

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе