7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (62)

Пишува Зоран Момироски

  • ПРЕДИЗБОРЕН  ДИРЕКТОРСКИ  КАРАНБУЛ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ПРИЛЕП. „БИЛИЈАРД ПАРТИЈАТА“ ЗАПОЧНА СО СМЕНА НА В.Д. ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ПУП ЗОРАН ЈОВЕСКИ. НА НЕГОВО МЕСТО СЕ ВРАТИ БРАНКО НЕШКОСКИ. ИСТО КАКО НА ФИЛМОТ ,,ЛЕСИ СЕ ВРАЌА ДОМА“. АМА ВРАЌАЊЕТО НА БАНЕ Е КАКО ОНА, ИДИ МИ ДОЈДИ МИ. ПРИТОА ВО СТРУЧНОСТА НА НЕШКОСКИ НИКОЈ НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ СОМНЕВА!!! ИНАКУ, ПОДОЛГО ВРЕМЕ КАКО ПИНГ-ПОНГ ТОПЧЕ БОКИО И ДЕКИО СИ ИГРАА СО ЈОВЕСКИ. НАВОДНО ДЕКИО НЕ ГО ДАВА, АМА БОКИО САКАЛ  ДА ГО СМЕНИ. И КОНЕЧНО ДА СТАВИ КРАЈ НА ИГРАТА. ТОЧНО Е ДЕКА НИКОЈ НЕ Е ВЕЧЕН, НА БИЛО КОЈА, ПА И НА ОВАА ФУКЦИЈА. НО, ФАКТ Е ДЕКА ОД ПРИЛЕПСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА  ЛАНИ ОВА БЕШЕ ЕДИНСТВЕНO СО ПОЗИТИВЕН ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ КОЕ И СЕГА РАБОТИ БЕЗ  ЗАГУБА. ПЛАТИТЕ  И ОБВРСКИТЕ РЕДОВНО СЕ ИСПЛАЌААТ, А НА 5 ОКТОМВРИ  ГОДИНАВА  ВО ЛОНДОН НА ЈП ПУП МУ Е ДОДЕЛЕН СЕРТИФИКАТ ДЕКА ОВОЈ ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ Е ВО ГРУПАТА СО НАЈДОБРА БОНИТЕТНА ОЦЕНКА ВО  ДРЖАВАВА И СПАЃА ВО ВРВОТ НА БОНИТЕТНА ИЗВОНРЕДНОСТ. НО, ТАА „БОНИТЕТНА ИЗВОНРЕДНОСТ“ НЕ БИЛА КРИТЕРИУМ ЗА БОКИ. А, И ЛОНДОН Е ДАЛЕКУ ОД НАС. РАК РАНА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ТИ БИЛА КОМИСИЈА  ЗА УРБАНИЗАМ. ОВОЈ ЈОВЕСКИ ЕПТЕН МУ ,,УДИРАЛ“ КОНТРА ПО ОВА ПРАШАЊЕ. А, ТОЈ КАКО ТАТКО НА ГРАДОВ, САКАЛ ОВАА КЛУЧНА КОМИСИЈА ОД ОПШТИНА, ДА СЕ ПРЕФРЛИ И ДА ОДЛУЧУВА ВО РАМКИТЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО. ШТО СТОИ ЗАД ТАА ФАМОЗНА КОМИСИЈА, МОЖЕ САМО ДА СЕ ПРЕТПОСТАВИ. ПО ОВА РАСКИНУВАЊЕ НА ЉУБОВТА СО БОКИ,  ОВОЈ ЗОКИО, ЌЕ СИ СЕ ВРАТИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ВО СЕКТОРОТ ФИНАНСИИ ОД КАДЕ ШТО ПО ОДЛУКА НА ВМРО-ДПМНЕ  ДОЈДЕ НА ОВАА  ПОЗИЦИЈА. ПРИ ОВА САКАМ ДА ГО ПРАШАМ  „ДЕКО ДАЛИ ВАКВА ПАРТИСКА ОДЛУКА ИМА ЗА НЕГОВО РАЗРЕШУВАЊЕ?!?“

 

  • КАКО ШТО СТОЈАТ РАБОТИТЕ И НА РУБИН АБРАШОСКИ ДВОЈКАТА БОКИО И ДЕКИО МУ ,,КРОЈАТ КАПА“. НЕ ОФИЦИЈАЛНО ПО ИСТИОТ СИСТЕМ, САМО ШТО ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ ДЕКИО ТИ БИЛ ТОЈ ШТО САКАЛ ДА СЕ СМЕНИ АБРАШО И ДА СИ ДОНЕСЕ НЕГОВ ЧОВЕК ОД ЕДНО ПРИЛЕПСКО СЕЛО. АМА, НАВОДНО БОКИО НЕ ГО ДАВАЛ. И, АКО ОД МОЕТО СКРОМНО ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИСКО НОВИНАРСКО – ПОЛИТИЧКО ИСКУСТВО ВО ВАКВИ КАДРОВСКИ КОМБИНАТОРИКИ ИМ ПРЕТХОДИ ЕДИНСТВЕНА ОДЛУКА, АМА ОРОТО СЕ ИГРА РАЗЛИЧНО. КАКО  ОНАА ,,ЈАС ТРГАМ -ТИ ТРГАШ“, ЈАС НА ВАМУ-ТИ НА ТАМУ И НА КРАЈ  ДОАЃА ОНА ГЛАВНОТО : „СЕ СКИНА ФУСТАНОТ  МАМО!!!“ ЗА ДА БИДЕ ,,ФИЛМОТ“ ПОИНТЕРЕСЕН,  ПРВО СЕ’ ПОЧНА СО ДОЦНЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ. ТОА МУ ДОАЃА КАКО ОНАА МОШНЕ ГЛЕДАНА СЕРИЈА „ЉУБОВ И СЕКС НА СЕЛСКИ НАЧИН“!!!  ЗА ОВА СОСЕМА ИЗВЕСНА И МОЖНА ПРОМЕНА ДОЈДЕ СО НЕКОЛКУ МЕСЕЧНО ,,МЕСТЕНО“ ДОЦНЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ. ОД СЕКОЈ 15 ти ВО МЕСЕЦОТ СЕ ДОЦНЕШЕ НА 18 ти, ПА НА 20 ти, А ОВОЈ МЕСЕЦ ВРАБОТЕНИТЕ ЗЕДОА ПЛАТА НА 21 ви. ПОЗНАВАЧИТЕ НА ПРИЛИКИТЕ ТВРДАТ ДЕКА И ОВОЈ ЕСНАФ ГРАДСКИ ЧОВЕК, АБРАШО, ТИ БИЛ МНОГУ НЕПОСЛУШЕН ЧОВЕК. НЕ ПОТПИШУВАЛ ЧОВЕКОТ ТОА ШТО ЌЕ МУ НАРЕДЕЛЕ ПО ТЕЛЕФОН. АМА АБРАШО НЕ ИСПОЛНУВА ЖЕЛБИ НА ПОЕДИНЦИ ОТИ НЕ  Е ,,ЏУБОКС“ СО ЖЕТОНЧЕ. ТОЧНО Е ДЕКА ОД ХИГИЕНАТА ВО ГРАДОТ НЕ МОЖЕМЕ  ДА БИДИМЕ ЗАДОВОЛНИ. ТОЧНО Е ДЕКА РЕПЕРОТ ШТО СВОЕВРЕМЕТО ГО ПОСТАВИ ЏЕКЧЕТО, СО КОЈ БЕВ ВО ПРОФЕСИОНАЛНИ И ПРИНЦИПИЕЛНИ ЈАВНИ КАВГИ, БЕШЕ ВИСОК. НО, ФАКТ Е  ДЕКА ЗА СЕГАШНО ВРЕМЕ, БИ РЕКОЛ ДЕКА Е НЕДОСТИЖЕН, НЕ САМО ЗА АБРАШО, ТУКУ И ЗА НЕГОВИТЕ  ПРЕТХОДНИЦИ. АМА,  Е ТОЧНО ДЕКА НЕГОВИОТ ПРВ  БРАТУЧЕД,  ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ,  МАРЈАН РИСТЕСКИ, РЕДОВНО ГИ ПОДМИРУВАШЕ ОБВРСКИТЕ КОН ЈКП КОМУНАЛЕЦ. СЕГА ОД УСВОЕНИТЕ  ГОДИШНИ ПРОГРАМИ  ОД ГРАДСКИОТ СОВЕТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНО КОМУНАЛНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ИЗНОС ОД 70 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ЈКП КОМУНАЛЕЦ  ЕДВАЈ ДОБИВА 34 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ШТО ЌЕ РЕЧЕ  ДЕКА ФИНАНСИСКИ ПРЕТПРИЈАТИЕТО ВО ОСНОВА ОПСТОЈУВА САМО ОД ПАРИТЕ ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ  СМЕТКИ ОД ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ, И ФАКТИЧКИ ПАРИЧНО ЈА ПОМАГА ОПШТИНАТА.

 

  • НЕ ОФИЦИЈАЛНО ВО ОВОЈ ПРЕДИЗБОРЕН  БАРАБАН СЕ ВРТИ И ДИРЕКТОРОТ НА ПАЗАРИ, ИГОР КРСТЕСКИ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ Е ШТО РАБОТИТЕ ТАМУ СЕ ЛИЧНО ТОЛКУ ИСПОВРЗАНИ ШТО ТЕШКО ДЕКА БИ СЕ ОСТВАРИЛ ПЛАНОТ НА БОКИО И ДЕКИО ЗА НЕГОВА СМЕНА. АКО ДОЈДЕ ДО ПРОМЕНА НА ОВА КАДРОВСКО РЕШЕНИЕ, ПОЗНАВАЧИТЕ НА ПРИЛИКИТЕ ТВРДАТ ДЕКА МНОГУ ЛЕСНО МОЖЕ НА ПОВРШИНА ДА ИСПЛИВААТ МНОГУ НЕПРИЈАТНИ РАБОТИ ШТО НЕГАТИВНО БИ СЕ ОДРАЗИЛЕ ВРЗ ПАРТИЈАТА. ЗАТОА, СЕГА ЗАСЕГА ОВА ПРАШАЊЕ И ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И ЗА КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ, ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ  Е СЕНЗИТИВНО. НО, И ЗА ОВОЈ СЛУЧАЈ КАКО И ЗА ПРЕТХОДНИТЕ СМЕНИ – КОЛЕКТИВЕН ПАРТИСКИ СТАВ НЕМА. ОСВЕН ЛИЧЕН.

 

  • ЕДИНСТВЕНО ,,НАЈДОБРИОТ“ И ,,НАЈСПОСОБНИОТ“ ДИРЕКТОР НА СИТЕ ВРЕМИЊА Е ИГОР ГУЛАБОСКИ ОД ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. ТОЈ  СИ СЕДИ СПОКОЈНО. НЕГО НЕ МОЖЕ НИ КРАН ДА ГО ПОМЕСТИ ОД  ДИРЕКТОРСКАТА ФОТЕЛЈА. ГУЛАПЧЕТО СИ КРЦКА ПО СИТЕ ОСНОВИ И ТОА ЗАЕДНО СО НЕГОВИОТ ВЕРЕН, А МОЖЕБИ И НАЈВЕРЕН ДРУГАР БОРЧЕ. ВО ФИРМАТА ИМА ПАРИЧКА. СТАБИЛНО И „УДАРНИЧКИ“ СИ РАБОТИ И СЕ’ ШТО Е ВЕТЕНО И СО РОКОВИ УТВРДЕНО, АМА СЕ’ Е ИСПОЛНЕТО. ДУРИ И ТОА ШТО НЕ Е ВЕТЕНО. АКО НЕШТО ,,ЗАЧКРИПИ“ СЕ ЗНАЕ ВИНОВНА ЌЕ БИДЕ ВЛАДАТА ОТИ Е ОД СДСМ. АМА ЗА МОЖНИТЕ НОВИ ИЗМЕНИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА – Е ТОГАШ ОВАА ВЛАДА НА СДСМ Е ТОП. ОТИ ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ НОВИ УСЛОВИ ЗА НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА, А СО ТОА И ПОВИСОКИ СМЕТКИ НА ГРАЃАНИТЕ. ЕТЕ, ЗАТОА ГУЛАПЧЕТО СИ ЌУТИ И СИ ЈА ТЕРА РАБОТИЧКАТА: ЕМ ДИРЕКТОР, ЕМ ДРУГАР, ЕМ СОВЕТНИК, А ПО ПОТРЕБА И ШОФЕР НА БОКИО.

 

  • ДОДЕКА ВО ПРИЛЕПСКИОТ ВМРО-ДПМНЕ  СЕ СЛУЧУВААТ ПРЕДИЗБОРНИ  ПРЕГРУПИРАЊА,  ВО СДСМ СИ МОЛЧАТ. И, СИ ЈА ТЕРААТ ОНАА СЕИРЏИСКАТА. ЦАКИО КАКО ГЕНЕРАЛЕН НА ТУТУНСКИ ОД БУЧИН ПРЕКУ ПРИЛЕП И СКОПЈЕ ТИ БИЛ ВО ДУБАИ!? ЗАТОА СЕ ЧЕКАЛО НА ГРЕШКИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И ТАКА ДА СЕ  НАМАЛЕЛА РАЗЛИКАТА ОД  7.500 ГЛАСОВИ. СО РАБОТА НЕ, АМА СО ЧЕКАЊЕ И СО ГРЕШКИ НА ПРОТИВНИКОТ МОЖЕБИ ЌЕ МОЖЕ. ВО СПОРЕДБА СО ОВИЕ ОД СДСМ, ОНИЕ ОД КАЈ ПАРТИЈАТА НА МАКСИМ ТВРДАТ ДЕКА ВО ПРИЛЕП НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ СДСМ ТЕШКО ДЕКА БИ ОСВОИЛ ПОВЕЌЕ ОД 11.000 ГЛАСА. А НА ВМРО-ДПМНЕ МУ ПРЕДВИДУВААТ НЕ ПОВЕЌЕ ОД 16.000 ГЛАСА. ДОДЕКА ЕДНИТЕ СЕИРЏИСКИ СИ КАЛКУЛИРААТ, ДРУГИТЕ СИ ПРОГНОЗИРААТ, ЛЕВИЦА ПРЕКУ ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ ,,ПУЗДЕР“ ЈА НАПРАВИЈА  ПРИЛЕПСКАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ, ОСОБЕНО ПО ПОСЛЕДНИОТ РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ, АМА И ЦЕНТРАЛНАТА. ПРИТОА ЛЕВИЦА ИЗВЛЕКУВА ЗАКЛУЧОК ДЕКА ДВЕТЕ ПАРТИИ ВО ПРИЛЕП СЕ ВО ГОЛЕМ ,,ЉУБОВЕН БИЗНИС ДИЛ“  БИДЕЈЌИ НЕМА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ  ЗА УТВРДЕНИ ЗЛОУПОТРЕБИ. СИ СЕ КРЕПАТ ЕДНИ СО ДРУГИ И СЕ ОБИДУВААТ ДА КАЛКУЛИРААТ СО НАРОДОТ.

 

  • НЕ ЗНАМ ДАЛИ КАКО КОМУНАЛЕН ИНСПЕКТОР ИСПРАТЕН ОД БОКИО ИЛИ ШЕФО БЛАЖЕ ИЛИ КАКО РАДОЗНАЛ ГРАЃАНИН И ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ ГО ПОСЕТИЛ САЕМОТ  НА ТРУДОТ ОРГАНИЗИРАН ОД ВЛАДАТА НА СЛОВЕНИЈА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА “МАРКО ЦЕПЕНКОВ“. ПО ОВА, МАЦИО, НАЈВЕРОЈАТНО СУПТИЛНО,  ПРЕКУ ФБ ПОСТ ИМ УКАЖУВА И НА ЛОКАЛНАТА И НА ЦЕНТРАЛНИТЕ ВЛАСТИ: „ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА КОЈ ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИБЕЖИШТЕ, ОБЈЕКТ ВО КОЈ МЛАДИТЕ ОД ПРИЛЕП СО БРОЈНИ КУЛТУРНИ  МАНИФЕСТАЦИИ, БИЗНИС СРЕДБИ СО ПОТЕНЦИЈАЛНИ ИДНИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ПРИЛЕП, КАКО ВО МИНАТОТО, ЗА ЖАЛ, СЕГА ПРОСТОРИИТЕ БЕА ПРЕПОЛНИ СО МЛАДИ РАБОТОСПОСОБНИ КАДРИ КОИ ЧЕКААТ НА РЕД КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД СЛОВЕНИЈА.  ЕХХХ ЖАЛЕН ПРИЛЕП ШТО ТИ СЕ СЛУЧУВА?!? ЗЕМЕТЕ ЧУКНЕ ТИ СИ ЈА ГЛАВАТА И НЕ ПРАВЕТЕ СТЕНДАП КОМЕДИИ!!! МЛАДИТЕ СЕ ЗАДРЖУВААТ СО ДОБРИ ПЛАТИ И ДОБРА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА И НИКАКО ПОИНАКУ!!! “ ГО ЧИТАМ МАЦИОВ И СИ ВЕЛАМ: ШТО НЕ ИМ КАЖЕШ КАДЕ ДА ГИ ЧУКНАТ ГЛАВИТЕ. И ДАЛИ ИМ СЕ ПОЛНИ, МОЖЕБИ ИМ СЕ КАКО СЕЛСКИ ТАРАНБУКИ ИЛИ ШУПЛИВИ.

 

         

 

 

 

 

 

  

Би можело да ве интересира

Може ли земјоделските култури да се заштитат од прекумерната влажност?

(ВИДЕО)Половина од тутунската реколтата откупена, дополнителниот заменик министер Трипуновски на терен

Крстески: Вложуваме натчовечки напори за справување со енергетската криза!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе