2.7 C
Прилеп
понеделник, 11 ноември, 2024
Пела Радио

Че трчаме – Прилеп по втор пат домаќин на маратонски трки

Во Прилеп на 1ви септември и годинава ќе се одржат две маратонски трки на 5 и на 10 километри. Спортско – рекреативната манифестација „Че трчаме“ опфаќа вкупно 5 трки низ улиците на градот со различна должина на патеките и за различни возрасти. Ќе бидат вклучени и најмладите до 7 годишна возраст, до 11 години и до 14 годишна возраст. Пријавувањето кое е електронско сеуште трае до 25 ти август за трките на 5 и на 10 км и за трката до 14 годишна возраст, а за учество се плаќаат симболични суми преку  prileprun.mk .

Покрај спортскиот дел Извидничкиот одред „Феникс“ организира и детско катче за сите дечиња кои ќе бидат присутни на трката. Ова катче ќе биде збогатено со игри, работилници, многу игра и забава!

Досега според пријавните листи, каде може да се провери регистрирањето има над 3 илјади учесници од цела Македонија и од странство. Организаторот обезбеди награди за сите учесници. Награди се предвидени и за најдобрите 5 во трката на 10.000м во машка и женска конкуренција:

  1. место 22.000,00 денари
  2. место 16.000,00 денари
  3. место 10.000,00 денари
  4. место Ваучер – Подарок од спонзор
  5. место Ваучер – Подарок од спонзор

Награди се предвидени и за најдобрите 5 во трката на 5.000м во машка и женска конкуренција:

  1. Место 11.000,00 денари
  2. Место 8.000,00 денари
  3. Место 5.000,00 денари
  4. Место Ваучер – Подарок од спонзор
  5. Место Ваучер – Подарок од спонзор

Првата спортско рекреативна манифестација „Че трчаме“ лани се одржа на 22 октомври и учествуваа над 1 илјада атлетичари и рекреативци.

Би можело да ве интересира

Момче (17 г) се загушило со плин – Најцрна недела во Прилеп

Елизабета Филипоска

Црвеножолтата река го обиколи светот – НЕ за промена на името

Гордана Цветаноска

Пробниот, симултантен попис на населението не е одложен. Во него се вклучени, и Прилеп , и Долнени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе