7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

ТРИБИНА НА УЖ НА ВМРО ДПМНЕ-ПРИЛЕП ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СО ПОРАКА „НЕМОЈ ДА МОЛЧИШ, КРЕНИ ГО ГЛАСОТ!“

Во рамките на кампањата #16 дена активизам против родово базирано насилство“ Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп организира трибина на тема „НЕМОЈ ДА МОЛЧИШ, КРЕНИ ГО ГЛАСОТ!“

„Да дадеме поддршка на сите жени и да кажеме НЕ на семејното насилство. Целта е да ја подигнеме свеста кај жените, да го пријавуваат семејното насилство, да не молчат, затоа што насилство не може и не смее да се премолчи“ –  беше кажано на трибината од страна на претседателот на Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Билјана Кузманоска

Целта на трибината беше да се подигне свеста за долгорочното нарушување на општеството предизвикано од родово базирано насилство, за да го спречи насилството против жените и девојчињата ,а  секој труд вложен во спречувањето насилство против жените е чекор напред кон побезбеден, поеднаков и просперитетен свет.

На трибината организирана во кино салата “Мис Стон“ говореа еминенти стручни лица, а организаторот за лицата /жени кои се соочуваат со било кој вид на насилство, обезбеди бесплатна психолошка поддршка од страна на лиценциран психолог и советник гешталт терапевт.

Симболично на влезот, на присутните им беа подарени  и портокалови панделки, како симбол на борбата против насилството.

Инаку „16 дена активизам“ е меѓународна кампања која се спроведува секоја година, со почеток на 25 ноември, Меѓународниот ден на елиминација на насилството против жените, а завршува на 10 декември, Денот на човековите права. Кампања е најдобриот пример како луѓето и организациите можат и треба да ги здружат силите за да се справат со општествените проблеми за да го исклучат насилството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Тошеска: Стартуваме со три нови социо-здравствени услуги во регионот на Прилеп

Гордана Цветаноска

Slow food пазарче в сабота во Прилеп

Пела Редакција

Жена пешак тешко повредена од удар на автомобил во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе