23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

В сабота земјоделска трибина во врска со тутунскиот откуп

Граѓанските здруженија Национална земјоделска мрежа и Тутунска надеж, в сабота, втори декември од 17 часот во Градската библиотека во Прилеп ќе одржат  земјоделска трибина од отворен тип за сите тутунопроизводители.

На трибината ќе се дискутира за актуелните состојби со овогодишниот откуп на тутунот, со конкретни дискусии околу темата при што ќе треба да се изгради заеднички став околу состојбите и дефинирање мерки и активности за понатамошно заедничко делување, со единствена цел да се спречи секаков обид за манипулација и девалвирање на макотрпниот труд на тутунопроизводителите, се вели во соопштението и се потенцира дека организаторите јавно се оградуваат од обиди за евентуални политички влијанија како и нарушување на јавниот ред и мир од неодговорни учесници.

Би можело да ве интересира

Нови можности за угостителите во Крушево по посетата на тур оператори и новинари од Хрватска

Манастирот Трескавец конечно добива водовод, за пречистителна станица ќе се почека…

Со блокада на патот, мариовци со предупредувачки протест за лошата патна инфраструктура во Мариово

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе