10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

И оваа година фудбалска атракција среде Прилеп – се е подготвено за Светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Традицијата и годинава продолжува , малиот фудбал повторно ќе биде во центарот на вниманието од 8ми па се до 24 декември , кога ќе се одржи светиниколскиот турнир во мал фудбал.Заради немањето можност фудбалските натпревари да се играат во универзалната сала , истите, љубителите на малиот фудбал ќе ги гледаат во двете училишни сали , во салата од СОУ Ристе Ристески Ричко и во ООУ Добре Јованоски по 18 часот.Форматот на одигрувањето останува ист како и претходната година, 32 екипи поделени во групи  , со тоа што ако има повеќе екипи истите ќе бидат вметнати во групите.

Наградниот фонд оваа година е зголемен па така за освоено прво место победникот  ќе добие 260 000 денари, за второ место 130 000, а за трето место 70 000, а турнирот и оваа година ќе има хуманитарен карактер.Новитет за турнирот во мал фудбал е тоа што после одигрувањето на осминафиналните натпревари , дуелите ќе можат да се следат и на live stream а полуфиналето и финалето со коментар и во живо на општинската страна и на https://www.facebook.com/RadioPelaMacedonia.

 

 

Би можело да ве интересира

Во националната стратегија за справување со насилен екстремизам се вклучува и локалната заедница

На прилепските велосипедски патеки: паркиран автомобил на сред лента, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“…или контејнер

Гордана Цветаноска

Наумоски, капитенот на Победа замина за Пелистер

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе