11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Советот на Општина Прилеп доби нов советник

Советот на Општина Прилеп денеска , работеше со изменет состав. Катерина Пузеска, од советничката листа на Левица, стана нов советник на местото на Методија Костоски, кој го откажа својот советнички мандат.Па, на почетокот на седницата беше константиран престанокот на стариот и верификуван мандатот на новиот советник, кој беше едногласно усвоена од советниците. Така започна работата на 35–та седница на Советот на Општина Прилеп. 

На денешната редовна седница советниците едноласно ги усвоија измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година,по образложането на Комисијата за финасии ,а потребата и нивнат намена.  Воедно беше усвоено решението за измена и дополнување на решението за формирање Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, како и предлог-решение за измена и дополнување на решението за формирање Комисија за родова еднаквост.

Пред советниците, денеска, беше ставена и предлог-одлука за определување на трасата за регулација на Оревоечка рекa, на потегот од браната на Вештачкото езеро Прилеп до влезот во градот, со санација на веќе постоечкото регулирано корито, како и продолжување со регулација на коритото пред и по постоечка регулација.

Советниците ја разгледаа и дадоа согласност на консолидираната завршна сметка за 2022 година од ЈКП ,,Комуналец” Прилеп и ДООЕЛ ,,Терминал-Комуналец” Прилеп, ја усвоија предложената програма за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2024 година како и неколку програми од работата на ова јавно претпријатие кое се однесуваат на управување со отпад,  за одржување на јавна чистота, за работа и одржување на градските гробишта и капела, за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини, програма за подигнување и одржување на зелените површини, како и програмата за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за 2024 година.

Советниците дадоа согласност и за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари”-Прилеп, за период од јуни до септември годинава и согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈПЕД Енерго Прилеп за истиот период. На 35 тата редовна седница беше усвоена предлог-одлуката за финансискиот план на ЈОУДГ,,Наша иднина’’ Прилеп, за 2024 година; правилникот за начелата на внатрешна организација на оваа јавна општинска установа, правилникот за систематизација на работните места и ослободување од партиципација на дваесет и пет деца Роми, што се во социјален ризик, на возраст од три до шест години за учебната 2023-2024 година во рамките на проектот ,,Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во ЈОУДГ ,,Наша Иднина ‘’- Прилеп. На денешната седница беа разледани и предлог-одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објект, по барање на физички лица.

Би можело да ве интересира

Прилеп во знакот на својот заштитник Свети Никола

Гордана Цветаноска

Не ја користете водата за пиење во овие села…

Пела Редакција

МВР апелира на претпазливост во комуникацијата со непознати лица!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе