1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

СВР Битола апелира да не се употребуваат и продаваат пиротехнички средства

Во пресрет на претстојните новогодишни и божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола ги потсетува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик.
Затоа, апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонските броеви 112 и 192.
Упатуваме апел особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.
Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола спроведува интензивни кампањи, се изработуваат летоци и плакати, рекламни материјали, одржува различни предавања со целни групи преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства. Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

На иницијатива на МТФ Војдан Чернодрински, во тек конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст

Нови 4 позитивни случаи во Прилеп

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Втора најава за насилно прекинување на протестот кај Оревоец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе