3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ФОТО) Божиќна ЗИМСКА ПРИКАЗНА на германистите од Македонија   

  • Божиќната и новогодишната магија, со германска нота, блесна во градот на конзулите, Битола. Германистите од Македонија, со цел да ја доближат германската култура, јазик и традиција, во Старата битолска чаршија, организираа прекрасен германски  Божиќен панаѓур, како дел од  ЗИМСКА ПРИКАЗНА на Општина Битола. И, навистина се’ беше како бајка, како вистинска зимска божиќна приказна. Се нудеа божиќни колачиња, торти, переци, божиќни украси, изработени од ученици кои го изучуваат германскиот јазик, се зборуваше на германски јазик, се презентираше божиќната разновидност.

Настанот, во организација на  наставниците по германски јазик од основните и средни училишта на Општина Битола, поддржан од  Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија и Гете-Институтот од Скопје,  предизивика голем интерес кај сите минувачи, добронамерници и поддржувачи на германската култура и јазик. Секој сакаше да биде дел од оваа бајковита слика, па фотографиите не изостанаа.

Изучувајќи го германскиот јазик стануваме свесни за културата и традицијата на народот кој живее таму, градиме мостови помеѓу нас, ги развиваме интеркултурните компетенции кај младите уште од најрана возраст, споделувајќи притоа позитивна енергија и емоции. Да се зборува странски јазик е богатство, но да се зборува ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК во денешно време, во оваа дигитална ера е ПРИДОБИВКА која му овозможува на секого да ЦЕЛИ кон повисоки остварувања на секое поле. ТОА Е ПРИЧИНАТА БРОЈ ЕДЕН ЗОШТО МОРА ДА СЕ УЧИ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК – ЗАТОА ШТО ЛЕГИТИМНО, Е ЈАЗИК НА ИДНИНАТА.” – истакна, во оваа прилика, претседателката на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија,  Габриела Темелкоска.

Таа напомена дека наставата по германски јазик е многу повеќе од обично споделување на граматички правила и учење на фактографски податоци, затоа што германистите нудат енергија и разновидни активности, кои пробудуваат љубопитност и интерес за изучување на јазикот уште од најрана возраст. Впрочем и фактот, што баш сега се организира еден ваков настан е доволен показател за тоа“ рече таа.

Германскиот Божиќен базар, кој го  организираа наставничките по германски јазик од ООУ „Коле Канински“ од Битола – Марина и Елена, кои беа и главни иницијатори за овој настан,  со поддршката на колеги – наставници и ученици од останатите основни и средни училишта во Општина Битола, го посетија и малите креативци од 4а одделение, од основното училиште „Кочо Рацин” од Прилеп, кои заедно со своите наставнички и директорката беа гости, но и донесоа подароци за другарчињата од Битола.

„ Во име на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност од срце им се заблагодарувам на сите за прекрасната организација. Благодарност и до Општина Битола и градоначалникот г-дин Тони Коњановски, кој ни овозможи заедно да се радуваме и споделуваме позитивна енергија, нашите пријатели и главни поддржувачи ГЕТЕ-ИНСТИТУТОТ Скопје и спонзорите кои помогнаа сонот на наставничките и наставниците по германски јазик од Битола да стане стварност: КОМПАНИЈАТА КРОМБЕРТ & ШУБЕРТ БИТОЛА И СИМПАТЕЛ и ВИТАМИНКА од Прилеп.“ –  се  заблагодари претседателката  на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија,  Габриела Темелкоска.

На крајот од денот сите потврдија дека ова беше вистинско доживување и зближување и ветија дека вакви и слични настани ќе се одржуваат почесто во градовите во Македонија, сѐ со цел запознавање на германскиот јазик и доближување на германската култура до младите.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Првпат претстава на влашки во Крушево

Пела Редакција

Утревечер во прилепскиот театар, претстава за еден трагач по индивидуалната слобода

Пела Редакција

Започнува „Двеодолива Чоко Стоби Флипс“ наградна игра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе