1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Струјата во првиот блок поевтинува, во третиот блок поскапува за 2,88 %

За 5,16 отсто се намалува цената на струјата за потрошувачите од првиот блок, а во вториот и кај евтината тарифа нема промена. Во третиот блок струјата ќе биде поскапа за 2,88, а во четвртиот – 1,86 насто. Новите цени ќе важат од први јануари, заедно со пристапот до мрежа, ставка која ќе биде додаден кон сите сметки со плус 200 денари, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Со ваквата одлука, вели првиот регулатор, се рефлектираат решенија кои ќе го заштити стандардот на граѓаните. При одлучувањето се имало предвид уставното начело со кое државата се дефинира како социјална, а се со цел заштита на ранливите категории.

„Со новиот концепт пристап кон мрежа се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Со примена на овој модел мрежарината се намалува за скоро 23 проценти. Доколку не се воведеше надомест за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 насто, втор блок за 8,62, трет блок за 9,46, четврт блок за 4,92 и евтината тарифа за 15,42 проценти“, нагласи Бислимовски.

Извор: www.pari.com.mk

Би можело да ве интересира

Македонија слави 28 години независност

Гордана Цветаноска

Двајца новозаразени од Ковид-19 во Прилеп, по еден во Крушево и во Македонски Брод

Елизабета Филипоска

Вода од јавната чешма во Ѓумушица неисправна за пиење

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе