5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Мотоциклист прегази пешак во Прилеп и повторно пожар на паркирано возило

На 26.12.2023 во 14.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, мотоцикл „хонда” со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Прилеп, удрил во пешакот З.С.(45) од Прилеп. Во несреќата пешакот се здобил со  тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.
На 27.12.2023 во 03.14 часот во ОВР Прилеп, А.Д.(56) од Прилеп пријавил дека на ул.„Битолска” во Прилеп настанал пожар со неговото паркирано патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Пријатели, потребни сме ѝ на 43 годишната Марина Гулеска од Прилеп!

Пела Редакција

Патронот на ООУ „Страшо Пинџур“,одбележан пред новопоставената биста на херојот

Гордана Цветаноска

Прилеп втора општина по број на активни случаи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе