12.5 C
Прилеп
среда, 26 март, 2025
Пела Радио

Нови давачки во новата година

Поскапуваат цигарите. Согласно измените на Законот за акцизите усвоени во октомври лани, цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе поскапуваат секоја година на 1 јануари. Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија, а Владата очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.

Се симнува границата за плаќање на стоки и услуги во готовина. Од денеска, во кеш ќе може да се плаќа најмногу до 2.000 евра. Ограничувањето се однесува на плаќање што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, доколку со друг закон не е поинаку уредено. Забраната не се однесува на приредувачите на игри на среќа.

За прилепчани цената на водата ќе биде повисока за 33%, во новата година.

Со измените на Законот за буџет, кои стапуваат во сила годинава, сите министерства, јавни претпријатија и сите друштва кои се во државна сопственост, ќе може да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии. Раководителите на државните буџетски институции сами ќе одлучуваат за новите вработувања во согласност со годишниот финансиски план и прегледот за вработувања. На овој начин, според Министерството за финасии, се децентрализира вработувањето во јавниот сектор, но и секој директор ќе одговара кривично доколку вработи некој без притоа да има пари за ново вработување.

Би можело да ве интересира

По дебаклот на Победа, сепак не е се’ загубено!

Над 300 пријави за социјална пензија во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп

Гордана Цветаноска

„Од рака на рака“ – шведска донација за прилепската болница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе