3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп доби Локален Младински Совет

По верификување на мандатите на членовите на Локалниот Младински Совет – Прилеп од Советот на Општина Прилеп, беше одржана конститутивната седница на ЛМС – Прилеп на која што беше избран претседател, донесен правилникот за работа на истиот и барања кои ќе бидат доставени до советниците.  Со тоа е заокружен е процесот за формирање на Локален Младински Совет при Општина Прилеп, обврска која Општината ја има врз основа на член 55 од Статутот на Општина Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп број 5 од 27.05.2021) член 5 од Одлуката за формирање на Локален младински совет, а во врска со член 17 од Законот за младинско учество и младински политики.

 Локалниот Младински Совет (ЛМС) – Прилеп брои 9 членови кои што доаѓаат од различни младински организации со свој делокруг на делување на подрачјето од Општина Прилеп: Максимилијан Ѓорчески, Елена Крстеска, Андреј Габроски, Давид Марковски, Елена Николоска, Марко Милошески, Марија Ташкоска, Филип Стојаноски и Ангела Кочоска.

За претседател на Локалниот Младински Совет – Прилеп едногласно е избран АНДРЕЈ ГАБРОСКИ. Локалниот Младински Совет Прилеп ќе има надлежности за разгледување прашања кои се важни за работата на ЛМС, донесување на Деловник за работа, да избира и разрешува претседателот на ЛМС, да поднесува предлози до Советот на Општина Прилеп за идентификувани проблеми на младите на локално ниво и начини за нивно можно решавање, да поднесува предлози до Советот на Општина Прилеп за донесување одлуки, програми и други акти за подобрување на состојбата на младите на локално ниво, изработува извештаи до надлежните органи за програмите на младите, а по потреба предлага и донесува Програма за решавање на проблемите, со цел подобрување на состојбата на млади на локално ниво; Предлага мерки за остварување и спроведување на одлуки и програми за грижа на млади; Организира работилници, предавања, трибини, кампањи, манифестации и други активности;Иницира прашања за млади од делокруг на работата на општината; Иницира, учествува и дава повратни информации за процесот на Локалната стратегија за млади; Изработува финансиски план и програма, да иницира средби со училишта, факултети, јавен и приватен сектор, музеи и други работи.

Следната задача на Локалниот Младински Совет се изработка  на локална стратегија за млади и отпочнување на процес за отворање на локален младински центар.

Би можело да ве интересира

Ајде сите деца на театар – единствен театарски фестивал за деца „Силјан Штркот„

Елизабета Филипоска

Во тек конкурсот за доставување предлози за Третоноемвриските награди

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Петминутното врнење на град направи штети на тутунот, бостанот, градинарските култури…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе