17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Петмина малолетници напаѓале и краделе од прилепчани

Денеска (05.01.2024),  по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на информативен разговор во Полициска станица Прилеп повикале пет малолетници од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24.12.2023 околу 01.00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале Д.Д.(46) од Прилеп и му одзеле чанта со повеќе лични документи и предмети. Предметите се пронајдени и вратени на оштетениот. Исто така, тие се сомничат дека на 28.12.2023 околу 21.00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале К.С.(19) и малолетник, двајцата од Прилеп и дека истиот ден на ул.„Борка Талески“ физички го нападнале и М.Т.(58) од Прилеп. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Почна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко во преработувачки капацитети

Гордана Цветаноска

Вечерва почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Стручен собир на пожарникарите од Македонија и од регионот „Прилеп 2023“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе