5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Агенцијата за медиуми го тужи Министерството за информатичко општество и администрација

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека денеска поднесе тужба против Министерството за информатичко општество и администрација кое континуирано го прекршува Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што го загрозува функционирањето на целиот аудиовизуелен сектор.

-Со измените на Законот од јули минатата година, чијшто предлагач е токму ова Министерство, точно се утврди висината на средства коишто се издвојуваат од Буџетот на државата за финансирање на радиодифузната дејност, наменети за работењето на Агенцијата, Македонската радиотелевизија и ЈП Македонска радиодифузија. Спротивно на законската обврска, Министерството за информатичко општество и администрација, префрлува помалку средства од законски пропишаните, односно за последниве шест месеци регулаторот има добиено 4.812.030,00 денари помалку. Всушност, негативната пракса на намалување на средствата трае подолг период, бидејќи Министерството за информатичко општество и администрација и пред донесувањето на последните законски измени, префрлуваше помалку средства, користејќи го дискреционото право овозможено со претходниот закон. Ваквото произволно намалување на финансирањето претставува директно прекршување на Законот и ги доведува во прашање не само независноста, туку и извршувањето на надлежностите на Агенцијата. По усогласувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со најновите европски стандарди и прописи, Агенцијата доби дополнителни обврски така што сега е надлежна и за други субјекти на пазарот, како што се платформите за споделување видеа и инфлуенсерите, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Прекршувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги создава правна несигурност, како што се наведува, негативно се одразува врз работењето на Агенцијата, на МРТ и на МРД, но и на целиот аудиовизуелен сектор.

Почитувањето на Законот е предуслов за позитивен напредок во евроинтеграциските процеси, но и за пристап на македонските медиуми, организации и здруженија до европските фондови наменети за развој на аудиовизуелната област и културата, чиј вкупен буџет во рамки на Програмата Креативна Европа 2021-2027 е скоро 2 ипол милијарди евра. Токму затоа, Агенцијата во два наврати се обрати до Министерството, меѓутоа и двете обраќања завршија безуспешно, поради што, за да ги заштити своите права, поднесе тужба пред Основниот граѓански суд Скопје, информира Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Седми ден протести во Прилеп против двојазичноста, 15 тина повикани на информативен разговор (галерија)

Гордана Цветаноска

ДВЕТЕ ГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ ЌЕРКИ ВИ ГО ЧЕСТИТААТ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Пела Редакција

(ВИДЕО) Пензионери: не постои средна класа, туку само робови и робовладетели!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе