7.4 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Утре во Прилеп температура до -15, патиштата и улиците чисти

Во Прилеп утринава се измерени 7 см снег кој во текот на денов, постепено се топи поради позитивната дневна температура. Максималната температура денеска во Прилеп ќе достигне 3 степени Целзиусови. Времето утре, понеделник, 22 јануари, според УХМР: Наутро ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во Прилеп се очекуваат многу ниски утрински температури кои ќе достигнат до – 15 степени.

Ваквите најави за многу ниски температури во текот на утрешниот ден, остатоците од снег и вода на патиштата можат да бидат многу опасни за создавање на голомразица, па надлежните во текот на ноќта и денеска презедоа превентивни мерки. Во општина Прилеп патиштата и улиците се проодни и исчистени информираше градоначалникот Јовчески на социјалната мрежа фејсбук:

„Проодни и исчистени патишта и коловози!

Доцна синоќа и рано утрово, службите за зимското одржување одговорни за Општина Прилеп, континуирано се на терен и го чистат снегот на патиштата во прилепскиот регион.
На располагање е целокупната механизација, со цел навремено да бидат расчистени сите патишта и влезови во градот, како и сите наши населени места надвор од градот. Локалната самоуправа и надлежните служби се грижат за сите жители на општина Прилеп и за безбедно одвивање на сообрајќајот во зимски услови, а воедно упатуваме апел до сите наши сограѓани да бидат внимателни и одговорни во однос на општата безбедност за сите нас.“

Би можело да ве интересира

Очекувањата на тутунарите не се исполнија, решението се бара во второстепената комисија

Гордана Цветаноска

За 1 година се затворени 14 училишта, се намалува бројот на ученици во Македонија

Пела Редакција

ВО ЧЕСТ НА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ЧЕНТО

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе