3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Последната седмица од јуни, во знакот на Меѓународниот фестивал „Пеце Атанасовски“

На 44 издание на Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, кое ќе се одржи од 29 и 30 јуни во Прилеп и на Рудина кај Долнени се очекува да учествуваат околу 250 изведувачи на изворен мелос од цела Македонија. И годинава, на фестивалот ќе му претходи Семинарот за изучување на народни инструменти и песни што ќе се одржи од 25 до 29 јуни.
– Навистина имаме огромен интерес и многу талентирани изведувачи на изворни инструменти и песни од сите краишта на земјава. Нашиот фолклор е вистинско богатство. Талентираните народни музичари ги има од сите генерации, од најмлади до најстари. Секоја година, овој пат, ни е тешко да го направиме изборот. Очекуваме околу 250 учесници на Фестивалот и покрај намалените средства за оваа година, вели уметничкиот директор и селектор на Фестивалот професор д-р Родна Величковска.
Според во тек е селекцијата на учесниците од целава земја. Интересот и годинава за учество е огромен.
За единствената од ваков вид манифестација да го одржи високото реноме, годинава ќе се вложат дополнителни напори поради драстично намалените средства.
– Не ретко сме се соочувале со скромни услови и средства, но сме излегувале на крај без да се доведува во прашање реномето и високиот квалитет на изведувачите на изворниот мелос. Годинава средствата од Министерството за култура се за 40 насто помали, но ние, малку ќе ја збиеме програмата, ама квалитетот безусловно останува. Задоволство е да напоменам дека ја имаме и целосната поддршка на локалните самоуправи на Прилеп и на Долнени, вели Златко Лашкоски.
Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ официјално ќе биде отворен на 29 јуни на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп. По отворањето ќе настапат изведувачи на изворни инструменти ( гајда, тапан, кавал, кемане) и на изворни песни од Југозападниот дел на Македонија. В сабота, на 30 јуни, на Рудина кај Долнени ќе настапат изведувачи од целата земја. Фестивалот ќе ги прогласи и ќе ги награди најдобрите изведувачи и ќе ги додели Гран при наградата за најдобар целосен настап и гајдата на „Пеце Атанасовски“ за најдобриот гајдаџија што ја доделува општина Долнени.
Од 25 до 29 јуни во Спомен куќата на Фестивалот која е и етно-музеј во Долнени, ќе се одржи веќе традиционалниот семинар за изучување на изворни инструменти и песни. Семинарот ќе го држат етномузикологот д-р Родна Величковска и фолклористот м-р Горан Василески.

Би можело да ве интересира

Утре започнува 53 тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Гордана Цветаноска

Две изложби во еден ден: изложба на семејството Вујисиќ и изложба на 20 уметници членови на ДЛУП

Елизабета Филипоска

Започнува Меѓународната ликовна колонија Дрен 2023

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе