9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Во 2024 та година конзорциумот „Бехтел и Енка“ од државата ќе добие 250 милиони евра

Оваа година конзорциумот „Бехтел и Енка“ од државата ќе добие 250 милиони евра директно од буџетот, за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола, објавено е во програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10Д.

Министерство за транспорт и врски како капитален расход на изведувачот преку ЈП „Државни патишта“ ќе му исплати износ од 15.100.000.000 денари во текот на 2024, а во актот се вели дека средствата се проектирани согласно договорот со „Бехтел и Енка“ постигнат во март минатата година. Динамиката на исплатата ќе ја одредува надзорниот консултант.

Во програмата стои дека парите ќе се трошат за „капитални индиректни трошоци, односно се однесува на трошоци кои се задолжени од странски изведувач и се во функција на подршка на градежни активности вклучувајќи асистенција од специјалисти за технички, комерцијален и управувачки капацитет за надгледување на проектот и надгледување на активностите на проектот од персонал од главната канцеларија на изведувачот; – за изработка на проектна документација за изградба на автопатиштата, за проектирање и изведба на дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса; – за градежни активности за изградба на траса, геомеханички истраги, геодетски работи, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот и друго“.

Извор: Фактор

Би можело да ве интересира

Пријавени 200 деца за учество во Бадниковата поворка во Прилеп, уште има можност за пријавување

Пела Редакција

(ВИДЕО) Бараме достоинствен живот, а не сиромаштија “ – трет ден протести на прилепските пензионери

Гордана Цветаноска

Вечерва започнува Макфест. Кој ќе го претставува Прилеп?

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе