9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

За Прилеп годинава нема средства за капитални проекти за култура

Од вкупно 15 пристигнати проекти од 13 општини, Министерството за култура ги поддржа капиталните проекти од областа на културата во единаесет општини.  На објавениот оглас за распределба на капиталните дотации во областа на културата за 2024 година,  средства беа доделени за 11 проекти.

Оваа години ќе бидат поддржани општините: Битола, Крушево, Кривогаштани, Велес, Чашка, Дојран, Демир Капија, Богданци, Маврово и Ростуше, Делчево и Чучер Сандево.

Годинва е обезбеден и поголем буџет за оваа намена, 50 милиони денари, со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти, преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.

Планирањето, обезбедувањето и реализацијата на финансиските средства за капитални дотации во областа на културата за единиците на локалната самоуправа, Министерството за култура ги спроведува во согласност со програмските и стратегиските определби на Владата во насока на поттикнување и спроведување рамномерен регионален културен развој, соопштуваат од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Прилепските прочкари повторно се закитија со награди на карневалите

Гордана Цветаноска

„Дупло дно„ се најде на театарската прилепска сцена – премиерата е викендов

Елизабета Филипоска

„Фолтин“ во четврток повторно го освојува Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе