5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Штрајк на вработените во ФЗО, во подрачните единици само по едно лице за прием на документи

Сите исплати од Фондот за здравствено осигурување ќе запрат в понеделник 5 ти февруари поради штрајк на вработените. Тие не се согласни да им се намали платата за 21 отсто, како што препорача Владата.

Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: 1) Пријава на малолетно лице како член во осигурување; 2) Регулирање на осигурување за хоспитализирано лице; 3) Лекување во странство за итни случаи, се вели во известувањето.

Што значи дека од понеделник шалтерите на Фондот за здравствено осигурување ќе бидат отворени за пријава малолетно лице како член на осигурување, за регулирање на осигурување на хоспитализирано лице и за лекување во странство на итни случаи.

Во сите подрачни единици само по едно лице ќе биде задолжено за прием на документи.

Вработените во Фондот се одлучија да го активираат штрајкот кој пред крајот на минатата година беше ставен во мирување оти Владата на 4 јануари испрати препорака со која платите на сите вработени се намалуваат за 21 отсто. Се пожалија дека по неколку месечни преговори, во декември првпат зеле плата зголемена за 15 отсто, а сега Владата бара платите да им се намалат за 21 отсто.

Би можело да ве интересира

Итна седница на Совет со забелешки од опозицијата

Елизабета Филипоска

Алармантно: Гори мариовскиoт крај – итно заседава кризниот штаб

Пела Редакција

СРЕЌНО ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ПО ЛАЗЕ ОД ПРИЛЕП

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе