11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Станкоски: Тутунарите да веруваат само на пишан документ, на анекс на договор!

Заклучно со втори февруари за месец и половина од почетокот на откупот предадени се близу 9 милиони килограми тутун, потврдува Јане Станкоски директор на Државниот инпекторат за земјоделство, кој вели дека отворени се сите откупни места. Пријави за неправилности нема, освен една анонимна иако се шират разни шпекулации кои ги доведуваат земјоделците во заблуда:

 Инспекторатот до сега сеуште нема дојдено ниту една претставка. Освен од инспекциски совет за една откупна  фирма но, од анонимна пријава и тие се многу тешки за работа анонимните пријави, затоа што не можеме да дојдеме до контакт со лицето да го прашаме дополнетелно. Станува збор за некои анекси кои што му ги понудиле на тутунарите, но ние анексот не можеме да го видиме. Само на збор не можеме нешто посебно да делуваме. И јас имам слушнато и јас сум од Прилеп, познавам доста тутунари и се слушам на телефон. Тутунарите треба да веруваат само на пишан документ. Само анекс на договор важи. Збор е како договор во четири очи и за тоа има мерки- нека пријават.И не мора Инспекторат ако нема надлежност, ќе делува полиција,ќе делуваат други органи. Бидејќи тоа е во некоја смисла превара, тоа е доведување во заблуда и има мерки и дела и за тие постапки, вели Станкоски.

По дополнителното зголемување од една откупна компанија неизвесно е дали и останатите ќе ги корегираат цените по нагорна линија. Станкоски упати порака до 9 те откупувачи да го следат овој потег и што побрзо да заврши актуелната откупна сезона. Многу ќе бидат важни наредните чекори кои треба да се преземат за измени во Законот за тутун, но потребен е отворен дијалог со откупувачите кои треба да се изјаснат, но не само декларативно за одржливост на тутунопроизводството.

–  Оваа реколта покажа дека треба да дојди до некои промени на Законот за тутун. Но за тоа треба да се вклучат засегнатите страни. Откупните компании цело време декларативно кажуваат дека се за одржливост на производството. Но што се’случи со оваа реколта не го потврдува тоа дека се за одржливост на производството, бидејќи тие покажаа некоректен и нефер однос кон тутунопроизводителите и мислам дека тоа треба да биде тема на следниот конгрес на тутунарите во април што ќе се одржи тука во Македонија каде што и откупните компании се дел од организаторите. Така што, тука треба да стане збор за сето тоа. Постои опасност да се намалат количините на произведен тутун, а тоа е значајна гранка во земјоделството и исто така и индустриска значајна гранка, има вработени во  фабриките, како извозен производ е значаен тутунот за Македонија како држава. Така што не би требало да се дозволи оваа ситуација. Јас сакам да упатам една порака дека ние нема дозволиме никој да манипулира со тутунарите. Стоиме на располагање со нашите подрачни канцеларии, како во Скопје и во Прилеп, во Битола. Имаме и отворена телефонска линија, но добро е да имаме кој го пријавува нештото и што. Не со анонимни дојави,зашто не можеме да делуваме и да го решиме проблемот, потенцира Станкоски при тоа не прогнозирајќи како актуелната реколта ќе се одрази врз претсојната, за која веќе се планираат површините под ориентален тутун.

 

 

Би можело да ве интересира

Комбинатот започна со откуп на тутунот

Гордана Цветаноска

ПО ЕДЕН ВЕК ФРАНЦИЈА СЕ ПОКЛОНИ НА ДЕЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ОНКОЛОГ Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

Пиво-Фест 2022 – четири фестивалски вечери со музика и забава, ова се изведувачите…

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе