11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Трипуновски: имам информација дека и Сокотаб направила корекција на цените (ВИДЕО)

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски, кој пред 9 денови оствари средби со земјоделците од Пелагонија во врска со актуелната состојба со откупот на тутун, денеска повторно во посета на Прилеп и откупните пунктови. Задоволен што по остварената средба минатата недела со откупувачите, некои од нив веќе наредниот дел ги корегирале цените по нагорна линија, а дел тоа го прават деновиве:

– Моите информации говорат дека компанија Бако, Орбита и Пашоски имаат цена од 360 и 365 денари, дел од нив го прават тоа како награда, дополнителен стимул, а дел веќе го имаат сменето ценовникот кој што го имаат истакнато јавно. Утрово добив информација дека и Сокотаб веќе направила корекција на цените, односно доплата по основ на награда и бонус за секој тутунар, односно цената ќе биде 35 денари по килограм, односно цената ќе биде 365 денари долната граница. Она што сакам да го упатам од овде е да и останатите компании кои што се во регистарот да го следат овој тренд и ова да важи пред се’ потенцирам за сите оние кои што го предале тутунот до овој момент и за сите оние кои ќе го предадат до 28 овој месец до кога е крајниот рок. Така што да бидат опфатени сите тутунари кои што предале и кои што ќе предадат и да нема двојни аршини за едни и за други тутунари, рече Трипуновски, со апел да се вклучи и министерот Николовски во целата акција за заштита на трудот и маката на тутунарите заедно со Тутунскиот Комбинат да се делува и да се постигне на како што рече „ на прагот на рентабилна цена“.

Најважно е корекциите на цените да бидат во корелација со законот за да се заштитат тутунарите и да нема манипулација со сите кои што предале тутун и оние кои до крајот на месецот ќе го предадат производството :

– Процедурите се јасни или треба да направат корекција на цените кои ќе бидат јавно истакнати, и тоа обврзувачки, а ако се дели по основ на бонус и награда треба да биде ставено во некоја писмена форма да не биде тоа договор усмено ќе се манипулира со тутунарите.

Трипуноски посочи дека веќе од наредниот месец по завршување на откупот на тутунот ќе се преговара за претстојната реколта.

– За мене е најважно оваа реколта да заврши барем на некакво задоволство на тутунарите и тука да нема некакво разочарување. А сите оние рокови кои што предвидуваат склучување на договори  за наредна реколта треба да биде заеднички на маса со сите чинители во овој процес: и тутунарите и откупувачите. Вистината е дека Министерството за земјоделство кое што сеуште има актуелен министер Николовски, кое што треба да го води овој процес така да биде на општо задоволство на двете засегнати страни. Ако почувствувам момент дека нешто се затајува како што се случуваше во изминатиот период јас нормално во рамките на моите можности ќе потенцирам како дополнителен заменик министер ќе дадам се’ од себе од една страна да се спречи манипулација на сите овие категории кои што ги застапувам, а од друга страна да иницирам процеси, се’ со цел наоѓање на прифатливо решение за сите чинители, рече Трипуновски.

 

Би можело да ве интересира

100-тина Прилепчани пријавени за фаќање на Светиот крст

Елизабета Филипоска

Се уредува просторот околу викенд зоната „Езеро“ во Крушево

Гордана Цветаноска

Прилеп чека одлука за карантин, матичните лекари ќе помагаат во Инфективно, а Спасителната служба Златоврв за одржување на редот и дисциплината

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе