11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Проданоски: дали за СДСМ Тутунски Комбинат е уште еден „бомбона бизнис“?

Тутунски Комбинат, стратешкото партнерство со Филип Морис беше тема на денешната прес конференција на Дејан Проданоски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Ја објавуваме во целост:

Денес во посета на Прилеп доаѓа министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој освен по заплената на путер со поминат рок, ќе биде запаметен како најнеспособниот министер за земјоделство кој Република Македонија некогаш го имала.

Откако СДС ги остави со празни џебови тутунопроизводителите, следен чекор најверојатно им е уништување на Тутунски комбинат. Затоа што СДС единствено знае да уништува и да си поигрува со човечките судбини.

Дали министерот ќе каже збор два за лошото менаџирање на Тутунскиот комбинат во последната година кое резултираше со рекордно ниско производство и низок откуп на тутун? Денес, на 70% откупен тутун од реколтата 2023, Тутунски комбинат има откупено само нешто повеќе од 650 тони тутун. За разлика од минатото кога тутунски комбинат откупувал и по 4 милиони килограми тутун, слободно можеме да констатираме дека комбинатот е на раб на катастрофа.

Согласно договорот склучен со Филип Морис, бројот на вработените требаше да се намали од 400 на 200 за поголема рентабилност на комбинатот. Затоа, комбинатот со пакети за финансиска поддршка го намали бројот на вработени на 190. Од сите лоши менаџерски одлуки кои се одлика на СДС, следна им е нови вработувања како предизборен поткуп?!

За глас повеќе на претстојните избори, менаџментот на Тутунски комбинат како да решил да ги стави на коцка судбините на околу 300 редовно вработени и да вработи нови 70-тина лица на неопределено време? На ваков начин директно се загрозува обновувањето на договорот со Филип Морис и работниот век на сегашните вработени.

Пред неколку месеци јавно прашувавме која е идејата за поставување на Пачешкоски за директор на Тутунскиот комбинат. Одговорот веќе го добиваме: како и во секој сегмент на животот на Македонците, идејата на СДС е уништување. Овој пат, сведоци сме на уништувањето на комбинатот со традиција од 150 години и реноме, комбинатот кој на сите прилепски фамилии им бил соработник и извор на финансиски средства. Дали целта на раководството од СДС е преку свесно уништување на комбинатот, да се намали неговата вредност, за да посведочиме за уште еден „бонбона бизнис“ за каков што знаеме од минатото, како комбинатот на крај би бил продаден на блиски луѓе од редовите на СДС?

Од друга страна пак, кадрите на ВМРО-ДПМНE во техничката влада, согласно можностите веќе ги испорачуваат првите позитивни резултати. Па така благодарение на дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски, откупувачите го прифатија предлогот за зголемување на цената на откуп за 30 до 35 денари по килограм тутун.

ВМРО-ДПМНЕ има план и визија за добро менаџирање на институциите во интерес на сите граѓани. Тоа ќе го покаже и докаже после големата победа на претстојните избори!

Би можело да ве интересира

Во Прилеп одбележан Денот на крводарителството

Гордана Цветаноска

Прилеп подготвен за мото крос спектакуларната трка

Елизабета Филипоска

Мицкоски од Прилеп: Планираме капитални инвестиции од буџетот од 8 и 8,5 милиони евра на годишно ниво за општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе