27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Крушево продолжува со активности за превенција од Ковид, поделени заштитни маски

Заштитни медицински маски обезбедени преку донација од Република Турција денеска беа поделени во Крушево. За тоа се погрижија вработените во Општината кои поделија 300 маски на случајни минувачи во центарот на Крушево. Ризична група која има потреба од дополнителна заштита се повозрасните граѓани.

„ Пензионерите се најранливата група на граѓани во однос на коронавирусот и затоа одлучивме нив да ги адресираме со оваа активност  “,  вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Претходно општината обезбеди маски за вработените на јавните институции и во неколку наврати ги дезинфицираше истите. Општината продолжува со активности за спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

„Џабе работи, џабе не седи“ доброволна иницијатива за почист Прилеп на млади луѓе која ги поттикна и соседите да чистат

Тутунарите добија одговор од МЗШВ како ќе се распределат парите од Ковид пакетот

Саботно пладне со книгата за деца „Илина и шумските тролови“ во „Марко Цепенков“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе