11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Привремено вработените во прилепската болница бараат трајно вработување (ВИДЕО)

Дел од ангажираните лица со договор на дело во ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност Борка Талески Прилеп, денеска од пред Болницата се собраа да упатат апел до министерството за здравство и до Владата за што поскоро решавање на нивниот статус:  трансформација на договорите во вработување на неопределено време.

Велат: АПСУРД Е- РАБОТИМЕ ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА, А НЕМАМЕ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ. Договорно ангажирани лекари, медицински сестри, болничари, возачи од кои некои работат и по 6 и седум години во прилепската болница се над 100 лица.

-Ова е како еден вид на апел до министерот за здравство за да се реши нашиот проблем околу вработувањата. Тука сме многу мал дел, ова не е штрајк сепак да кажеме, оти ако излезат на штрајк треба да излезат доста медицински персонал кои што внатре (во болницата) ги извршуваат задачите. Како шофер јас, не треба да излезам со амбулантното возило да спасам некој живот со екипата заедно доктори и сестри. Ние бараме без разлика доктор, сестра, тука имаме хигиеничари, и секаков персонал да биде што може побрзо решен нашиот статус до Министерството за здравство. Јас скоро година дена работам има тука колеги, има тука колеги 5, 6, 7 години кои работат. Околу 120 души чекаме да се реши овој статус. Се надеваме дека ќе најдат слух и Владата бидејќи е подолга процедура и министерството и пратениците малку сите да се замислат дека нашиот проблем треба да се реши.

Како право и основно – ние работиме во здравствена установа, а немаме здравствено осигурување. Тоа е апсурд!!! Тоа е апсурд за сите оние што работат на договор на дело. Ние бараме од Министерството, од Владата, од пратениците, нашиот статус да се реши. Затоа што ние сме како тим, како семејство со сестрата, со докторот, не гледаме од која партија се луѓето дали е од ВМРО, дали е од СДС, или од ДУИ или од Алијанса, ние гледаме да го спасиме животот. Се надеваме дека овој проблем ќе се реши. Ние не губиме, сите сме пријатели тука, другите губат, вели Благоја Јагуриноски, возач во Итната медицинска помош.

 

– Тука сум 6 години, сега оваа е седма година со договор. Немаме никакви бенефиции, најбитно е да ни се реши статусот, да знаеме што да правиме. Ако овие луѓе тука застанат, јас мислам дека нема да функциораат одредени работи, вели Томе Бошкоски, болничар.

Мита Стојкоска, која работи во ортопедија во трауматолошкото одделение исто така работи 6 години со договор на дело.

– Упатувам апел до министерството да ни се реши нашиот статус затоа што се многу години. Ние држиме дежурства, денски и ноќни смени и работиме со пациенти што е нормално и носиме одговорност за секакви лица.  Ние нема да ги оставиме пациентите, но си го бараме своето право да биди нашиот статус решен, затоа што се многу години. Ако вака продолжи јас размислувам да заминам во странство, вели таа.

Мартина Маркоска е привремено ангажирана 5 години во Итна медицинска помош, вели дека сега немаат потпишано никакви договори:

– Нашиот статус сега никако не е решен, немаме потпишано никакви договори. Одиме на работа без здравствено и без пензиско. Имаме колешки што нашиот договор е на минимална плата или под 20 илјади денари, каде што работиме ноќни смени и празници, а не е ништо платено, вели таа и додава дека сега немаат ниту договори на дело, можно е да не ги земат ниту тие примања.

Ангажираните со договор на дело добиле информација од менаџерскиот тим на болницата дека согласностите се пуштени до Министерството, а тие чекаат трансформација на работниот однос. Во врска со најавените, а сеуште нереализирани вработувања, менаџментот на Болницата испрати официјално известување – соопштение во кое ја потврдуваат потребата за итно решавање на статусот на работно ангажираните лица:

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност како институција  ги има превземено сите правни дејствија согласно сите акти за добивање на согласности за вработување на ангажираните лица со договор на дело.

Побарана е согласност од Министерството за здравство и за вработување на неопределено работно време и продолжување на согласностите за договор на дело.

Станува збор за лица кои се пред се наши колеги  кои максимално професионално секојдневно си ги извршуваат своите работни обврски и задачи.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност има реална потреба од овој кадар: лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари и возачи во Итна помош.

Апелираме до Министерството за здравство за што побрзо решавање на статусот на овие лица, се вели во соопштението од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност испратено денеска до медиумите, се вели во соопштението од менаџментот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп лесно до победа против Радовиш

Пела Редакција

Нов прекин на струјата во одредени делови на градот

Пела Редакција

Возач на камион предизвикал сообраќајка и побегнал

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе