Утре, советот на Општина Прилеп ќе ја одржи редовната 39-та седница. На дневен ред пред советнците се 19 точки од кои половината се одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко – планска документација, со која ќе се изврши усоглсување на намената, oд зона за заштитено зеленило во заона за домување, по барање на физички лица.
Пред советниците ќе се најде и предлог- Програма за уредување на градежно земјиште за 2024 год., развојна Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2024-2026, предлог-програма за јавно осветлување за 2024 година и за енергетска ефикасност за 2024 година, програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и
регулирање на режим на сообраќај за 2024 година, предлог- програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024
година, програма за други комунални услуги за 2024 година, програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година, програма за одржување на јавна чистота за 2024 година како и програмата за урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година
и условите, начинот и постапката за издавање и одобрение за поставување урбана опрема на јавни површини на подрачјето на
Општина Прилеп.