17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Полициски билтен: Пожар во викендица- малолетничка избегала од дома – тепачка со нож…

На 19.02.2024 околу 10.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Пештерица“ над вештачкото езеро во Прилеп, настанал пожар во помошна просторија на викенд куќа, сопственост на Љ.Т.(57) од Прилеп. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

 

На 19.02.2024 во 19.15 часот во ОВР Прилеп, Ѓ.А.(34) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Џ.Ќ.(13). Според пријавеното, таа заминала да живее кај лице во Битола, а и порано се оддалечува и била пронаоѓана и враќана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.02.2024 во 23.30 часот во ОВР Прилеп, К.И.(33) од Прилеп пријавил дека на ул.„Тризла” во Прилеп, Ќ.Ш. и А.Н. од Прилеп му се заканувале со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Информациите се од полицискиот билтен на  СВР Битола

Би можело да ве интересира

Санционирани 157 возачи кои возеле повеќе од дозволеното – Најмногу од Прилеп

Елизабета Филипоска

Ја уценувал поранешната партнерка, изнудил над 500 000 денари

Пела Редакција

Осуденик за убиство е фатен денеска и вратен во затворот во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе