11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

В петок, на 23 ти, започнува собирањето потписи за кандидати за претседател и за пратеници

На 23 ти февруари започнува процедурата за кандидирање претседател на државата и пратеници. Сите заинтересирани партии и поединци имаат 15 дена да соберат 10 илјади потписи за својот кандидат за претседател и илјада потписи за својата листа во секоја изборна единица посебно. 34 подрачни одделенија на ДИК ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, а на последниот ден, 8 март, до 24 часот. Секој избирач може да даде потпис за повеќе кандидати.

Кандидатите за претседател на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ не мораат да собираат потписи од граѓани. Само овие две партии имаат повеќе од 30 пратеници. Целата документација треба да се достави до ДИК најдоцна до 19-ти март, а на 28-ми ќе има жрепка и утврдување на листите на сите кандидати. Изборната кампања ќе трае од 4-ти до 22-ри април.

За пратеничките кандидатски листи, потписи ќе собираат оние кои немаат поддршка од регистрирани партии и коалиции. Листите се поднесуваат до ДИК најдоцна до 2-ри април, по што следува отстранување евентуални пропусти и жребање за редоследот на гласачкото ливче на 13-ти април. Изборната кампања ќе почне на 18-ти април а ќе заврши на 6-ти мај.

Кампањите ќе се совпаднат 5 дена. Парламентарната нема да прекине за време на изборниот молк пред изборите за претседател.

Оваа година изборите се одржуваат во среда. На 24-ти април ќе се гласа за претседател со втор круг на 8-ми мај. Истиот ден ќе се гласа и за избор на 120 пратеници.

Извор: Телма

Би можело да ве интересира

Ученици од угостителската струка од Крушево учеа од светскиот познат кувар Саша Мишиќ

Елизабета Филипоска

Едно лице почина, 16 се новозаболени

Елизабета Филипоска

Без струја во текот на утрешниот ден следните улици…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе