22.2 C
Прилеп
петок, 2 мај, 2025
Пела Радио

Рано утрово му се запалила гаражата и му изгорел автомобилот

Утрово, (21.02 2024)  во 04.51 часот,  во ОВР Прилеп било пријавено дека, настанал пожар во гаража, сопственост на М.И.(59) од Прилеп.  Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп интервенирала навремено и  го изгаснала пожарот, но не успеала да го спаси автомобилот кој бил во гаражата.

При пожарот на гаражата опожарено е патничкото моторно возило „опел инсигнија” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на М.И.  За среќа  повредени лица нема.

Увидот го извршила увидната екипа на Полициската станица  Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола

Би можело да ве интересира

Опожарена работилница и дел од куќа, и физички напад на лице во Прилеп

Пела Редакција

Изгореa плевна и земјоделски машини на житошанец

Гордана Цветаноска

Прилепскиот театар затворен од Дирекција за заштита и спасување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе