8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Куп тепачки на малолетници во Прилеп за едно деноноќие

На 23.02.2024 во 01.10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на ул.„Орде Тутески“, при што со стаклени предмети бил оштетен излогот и инвентарот во објектот. По документирање на настанот ќе следува поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, 15 минути по полноќ, (23.02.2024) во 00.45 часот, во Полициската станица Прилеп, А.Ж.(36) од Прилеп пријавила дека во угостителски објект во Прилеп, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

А, на 22.02.2024, предпладнето,  во 10.50 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(36) и С.И.(53), пријавиле дека во основно училиште во Прилеп нивните малолетни син и внук биле физички нападнати од лице ангажирано како обезбедување во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Утрово дојава за бомби во три прилепски училишта

Гордана Цветаноска

Прилепчанец лишен од слобода – физички ја нападнал сопругата

Гордана Цветаноска

Семејна расправија завршила со убиство во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе