РК Прилеп обезбеди опстанок во лигата, попладневно, во одлучувачкиот натпревар со РК Металург 2, во гости. Со победа 27:29, прилепчани го одбегна бараж – натпреварот за останување во најелитното ракометно друштво во идната натпреварувачка сезона. „На овој натпревар победи тимскиот дух“- рече задоволно тренерот Оливер Димитриоски.
Но, сепак, најзаслужен за значајнат победа беше, ветеранот, голманот, Тони Димоски кои со одличните одбрани речиси го маѓепса својот гол за противникот. Димоски така речено, во претпоследните кола од суперлигашкото натпреварување и се приклучи на екипата на РК Прилеп, заедно со уште неколку поискусни играчи, Александар Бозароски, Менде Петкоски, Филип Ангеловски ,се со цел да им помогнат на младата ракометна екипата, која остана без играчки кадар на полусезоната, а целта беше екипата да остане во суперлигашкото напреварување идната сезона. И,току тоа и се случи! Благодарение на спојот на искуството и младоста, РК Прилеп, со тешки напори, успеа да ја заврши оваа натпреварувачка сезона со опстанок во лигата.
Зошто беше важен овој натпревар?! Овој натпревар помеѓу домаќинот, Металург 2 и Прилеп беше пресуден за двата тима, бидејќи најдиректно решаваше која екипа ќе обезбеди опстанок во Суперлигата, а која ќе мора тоа да го направи преку бараж-натпревар, најверојатно со екипата на Струга, како второпласирана во Првата лига. На Металург 2 на овој натпревар му беше доволен и еден бод , но момците од Прилеп, со дисциплинирана игра, одлична реализација,борвеност и одбрана, како и желба за победа, ги понесоа трите бода во Прилеп и направија екипата да остане во Супер лигата, а прилепчани и в година да гледаат суперлигашки ракомет
Тренерот Оливер Димитриоски истакна дека е презадоволен од сите играчи, бидејќи сите рамноправно придонесоа за РК Прилеп да го избегне бражот за опстанок.„Екипата ќе тренира до петок, а пота следи пауза, се до конечната одлука на Управата на клубот и нивните понатамошни планови за клубот. Јас сум задоволен што го реализиравме она што го зацртавме на полусезона кога дојдов како тренер на овој клуб, опстанок во Супер лигата, без оглед на тешкотиите со кој клубот, пред почетокот на оваа полусезона се соочи пред се со недостиг на искусен играчки кадар „ –истакна Димитроски по натпреварот.