11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Познат идентитетот на убиеното момче во центарот на Прилеп – Прилепчани револтирани од трагичниот настан

Според првичните инфомрации, момчето кое вчера беше убиено во центарот на Прилеп, е малолетник на возраст од  15-16 години. Момчето, со иницијали  А.Д,  е од населеното место Сенокос, општина Долнени.

Трагичниот настан се случил соноќа околу 19,30 мин. по расправија помеѓу група на млади луѓе,  каде настанала и физичка пресметка, по што момчето се обидело да побегне од напаѓачите, но потоа со повеќе убоди од нож е усмретено. По дојаваба било веднаш пренесто во прилепската  болница, но без знаци на живот. Безуспешни биле сите обиди да се реанимира, па  лекарите констатирале смрт, а  полицијата била инфомрирана по пријава на лекарите од прилепската болница, по службена должност.

Увид на местото на настанот направиле полицијата и основен јавен обвинител. Наредена е обдукција на телото на момчето.

„Трагичниот настан се случил во периодот од 19 до 20 часот. Според првичните сознанија, момчето било нападнато со остар предмет, сѐ уште не се знае дали од едно или повеќе лица. Било нападнато пред Деветокатницата во центарот на Прилеп. Пронајдено е со многу крвави убодни рани на тротоарот на булеварот ‘Гоце Делчев’. Веројатно се обидело да се оддалечи од местото на нападот. Наредена е обдукција на телото за да се констатираат причините за смртта“, изјавил за МИА основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

Несреќниот настан се случил пред деветтокатницата во строгиот центар на Прилеп. Очевидци тврдат дека тоа стигнало до поранешниот хотел “Скопје”, каде паднало и починало.

Засега не се познати сторителите на овој грозен чин, ниту причините кои претходеле на трагичниот настан.

Но, прилепчани денска се прашуваат : Дали и колку е Прилеп безбеден град? Дали врсничкото насилство зема замав и како да се спречи? Зошто никој не му помогнал на момчето кога било нападнато? Каде била полицијата да интервенира“ ,а, полициската станица се наоѓа само неколку метри од деветокатницата каде започнала тепачката„ –  пишува еден наш  сограѓанин,а сите се згрозени од натанот и сочувствуваат со семејството на убиеното момче.

 

А ,трагедијата да биде поголема , овој настан,  политичките субјекти , во предизборието, го искористија и за политички  поени, па во денешното соопштението на СДСМ се вели :„Грозно свирепо убиство на малолетно момче во Прилеп, ново убиство за само неколку дена. Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР“, прашува СДСМ.„За што министерот во техничката Влада од ДПМНЕ менуваше луѓе во ОВР Прилеп поставуваше свои партиски кадри? Пред само неколку дена во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар. Нема разрешница за овие грозни настани. ДПМНЕ, министерот Тошковски и неговите Началници немаат капацитет. Безбедносна на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност“, се вели во соопштението на СДСМ ( преземено од Макфакс) .

Би можело да ве интересира

Во Прилеп казнет возач со 4,55 промили алкохол

Пела Редакција

Полициска хроника: Опажарено возило и нападнато лице од повеќмина на ул. „Мице Козар„

Елизабета Филипоска

(Видео) Тепачка меѓу гости и вработени во кафана и полициска контрола синоќа – фатени 17 малолетници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе