На 02.03.2024, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола во координација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле претрес во просторија во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп. Исто така, со судска наредба полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола извршиле претрес и во викенд куќа во близина на Казнено – поправната установа Затвор Прилеп. При претрес во просторијата во затворот, каде што казна затвор издржуваат Д.Д.(41) од с. Ливада, струшко и Н.Н.(34) од Прилеп, во шкафот на Н.Н. биле пронајдени една ќеса и повеќе помали пакувања со марихуана, две дигитални ваги, пари во различни апоени и валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Во прилепскиот затвор пронајдена дрога
Додека, при претрес во викенд куќата, сопственост на Б.К.(77) од Прилеп, која ја користел И.К.(47) од Прилеп, а кој исто така, издржувал казна затвор во Затворот Прилеп, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана и дигитална вага. Во врска со настанот бил приведен сопственикот на викенд куќата. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.