3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кузманоска: Времето кога Ковачевски беше премиер, беше време на порази и неуспеси во Македонија

Прес конференција денеска одржа Билјана Кузманоска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, по повод најавената посета на Прилеп Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ и досегашен премиер. Ја пренесуваме во целост:

„Денес во посета на Прилеп, на отворање на партиски штаб помеѓу теснопартиското членство, доаѓа најнеспособниот премиер, чија влада, Македонија ја остави во хаос и со нефункционални институции. Ветувајќи просперитет, обезбеди сиромаштија, лоши животни услови и најнегативни резултати од Европската комисија.

Времето во кое Димитар Ковачевски беше премиер, е залудно  потрошено  за граѓаните,  тоа е време во кое Македонија доживеа многу порази и неуспеси на сите полиња.  Автопатот Прилеп- Битола е уште едно од  низата лажни, бројни нерализирани ветувања, карактеристични за владата на Ковачевски.

Излажани и изманипулирани беа и земјоделците и тутунарите кои не ја добија ветената помош  во ова време на економска криза,   а истите беа приморани по ниски откупни цени да ги продаваат своите производи.

Она со кое владата на Димитар Ковачевски може да се пофали е распадот на правосудниот систем кој ужива доверба од цели 2%. Единствените работи кои бележат раст во Македонија се криминалот  досега највисокото ниво и  корупција за кои добивме и потврда со извештајот од Европската комисија.. Се зголемува и бројот на граѓани кои ја напуштаат државата, разочарани од нефункционалните  институции. Листата на скандали нема крај. Народот бара одговорност за случајот со канцер-мафијата на „Онкологија“ кој ја згрози целата јавност. Здравството за време на  владеењето на Ковачевски доживеа колапс, а ништо не подобра состојбата и во економијата и образованието. Народот бара одговорност и за стотиците милиони евра исплатени за изградба на автопати, кои не се поместени од мртва точка.

Мандатот на Димитар Ковачевски ќе остане запаметен и по протестите на пензионерите кои беа оставени да преживуваат со минимални пензии, по неконтролираниот раст на цените на продуктите и двојно повисоката инфлација од европскиот просек, по убедливо најлошиот БДП во регионот.  За време на неговото владеење мафијашките пресметки и палењето возила станаа лошо секојдневие, со  кое се соочуваше за жал и нашиот град.

Почитувани,

На следните избори ќе падне во вода лажниот триумфализам и голиот ПР на Ковачевски, преку огромниот пораз кој ќе му го нанесат граѓаните. Во Македонија никогаш не било полошо. Господине Ковачески, власта предводена од СДС и ДУИ мора да се промени, бидејќи македонскиот народ заслужува сигурност, пристоен живот и подобра иднина,“ рече Билјана Кузманоска.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Целосно исплатени субвенциите на 17.000 тутунопроизводители

Елизабета Филипоска

Со хуманитарна акција одбележана годишнината од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп

Елизабета Филипоска

Јованоски: Стартува јавниот повик за субвенции при набавка на клима инвертери и велосипеди

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе