5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Ковачевски: Парите ги враќаме кај граѓаните, кај земјоделците

На трибина во Прилеп на која присуствуваа земјоделци, тутунари од регионот денеска Димитар Ковачевски,  претседател на СДСМ направи рекапитулација на откупот на тутунот и воопшто за како што рече „грижата на владата на СДСМ за граѓаните и земјоделците“.  Посочи дека субвенциите за предадено тутунопроизводство ќе се исплатат на крајот од март, почетокот на април.

„Денес не се трошат буџетски средства за гипс и бронза, за врби во Вардар, за стиропори за секакви други измислени работи, туку напротив се користат за поддршка на земјоделците и поддршка на сите други групи на граѓани. Денес, нема партиски списоци за поделба на субвенциите. За оваа реколта, со одлука на Влада, се даде можност Управниот одбор на Тутунскиот комбинат Прилеп да ја зголеми почетната цена од 300 денари за килограм за дополнителни 10%. Затоа, откупот за 2023 година завршува со висока просечна цена од 365 денари за килограм. Ова е историски највисока откупна цена на тутун. Оваа година субвенцијата за тутун ја зголемуваме за 20 денари за сите класи, а тоа значи дека наместо 80 денари како досега, односно минатата година, секој тутунар што предал прва класа тутун ќе добие субвенција од 100 денари. Пресметано со откупната цена од 365 денари, секој тутунопроизводител оваа година добива вкупно 465 денари за прва класа предаден тутун. Да посочам дека годинава скоро целиот откупен тутун е прва класа”, рече Ковачевски.

Според најавите на генералниот директор на АД Тутунски Комбинат Прилеп Зоран Пачешкоски, да се реализира исплатата од второто зголемување на цената на предадениот тутун по килограм од овој откупувач потребно е да помине на Собрание на акционери на компанијата.

„Бордот веќе го задолжи Владата да свика Собрание на акционери кое ќе се одржи на 3 ти април. Значи дека тутунарите своите 35 денари по килограм може да ги очекуваат на 4 и 5 ти април кога ќе бидат исплатени уназад за секој тутунар што има предадено тутун во Тутунски Комбинат Прилеп,“ рече Пачешкоски.

Што се однесува до цените во новите договори од претстојната реколта, се очекува до 15 ти март  свои реални предлози за цените да дадат откупните компании, посочи Трајан Димковски, поранешен министер за земјоделство.

 

Би можело да ве интересира

Над 1 700 барања за земјоделски субвенции поднесени во прилепско

Поддршка од три милиони евра од Фондот за иновации за иновативни проекти на компаниите

Елизабета Филипоска

Меѓународниот ден на руралната жена одбележан во Прилеп (ФОТО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе