11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Се дискутираше за Буџетот на Општина Прилеп: Едните објаснуваа како и каде се трошеле парите на граѓаните – другите критикуваа

Советниците на Советот на Општина Прилеп на денешната седница дискутираа како се трошеле општинските пари минатата 2023 година. Советниците од опозицијата критикуваа за нерациналното трошење на Буџетот на Општина Прилеп, за четвртот квартал од 2023 година, кој како извештај се најде пред советнците, а дискусијата се разви и за годишната сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, за годишниот извештај на Општина Прилеп за 2023 година,  но за одлука за проширување на средствата на Буџетот на ЕЛС Општина Прилеп  за 2024 година.

„Близу 55 милион евра се потрошени , а нема реализација„- критикуваше опозицијата. Во образложувањето „како и каде се троши Буџетот на Општина Прилеп“ се вклучи раководителот на секторот за финасии при ЕЛС и градоначалникот на Прилеп, кои детално обрaзложија за начините на користење на Буџетот на Општина Прилеп за 2023.

Советниците од опозицијата бараа одговор и за финансиското работењето на ЈКП ,,Пазари”- Прилеп и ЈКП ,,Водовод и канализација”- Прилеп,  кои исто така се најдоа како точки на дневниот ред на оваа седница.

Сепак, мнозинството советниците дадоа согласност за тримесечниите извештаи за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари”- Прилеп и ЈКП ,,Водовод и канализација”- Прилеп за период од 01.10.2023 година до 31.12.2023 година, ги  усвоија годишните сметки и извештаите за работењето на ЈКП Пазари- Прилеп и ЈКП ,,Водовод и канализација”- Прилеп за 2023 година и дадоа согласност на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈКП ,,Пазари”-Прилеп, ЈКП ,,Водовод и канализација”-Прилеп и ЈКП ,,Комуналец’’- Прилеп за 2024 година.

На седницата беше разгледан и усвоен извештајот за работа на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’- Прилеп за 2023/2024 година, годишната сметка на ЈОУДГ ’’Наша иднина’’- Прилеп за 2023 година и дадоа согласност за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните (јавни) службеници за 2024 година во ЈОУДГ ,,Наша иднина’’ Прилеп и согласност за одлуката за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на плати на давателите на јавни услуги и на директорот на  ЈОУДГ ,,Наша иднина’’ Прилеп за 2024 година. Беше усвоена и годишната сметка на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп за 2023 година и дадоа согласност на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници за 2024 година во ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп.

Советниците на оваа седница ја усвоија одлуката за донацијата од Мермерен комбинат, во вид на материјал за тампонирање, што беше едногласно приватена.

Би можело да ве интересира

Есенски панаѓур во ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ Прилеп

Пела Редакција

Над 500 деца од сите верски заедници седнаа заедно на Божичниот ручек

Елизабета Филипоска

Крадци нападнале полициски службеник кој ги пријавил

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе