11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Николоски денеска од Прилеп: Здравството е катастрофално – корупциски скандал е набавка на хеликоптери од компанијата „Леонардо“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешниот престој во Прилеп, на увид на градежните работи на кружниот тек на сообраќајот во центарот на градот, задоволен од активностите во Прилеп , истакна дека еден од проритетите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде подобро инфраструктурно поврзување на Прилеп и конечна изградба на експресниот пат Градско-Прилеп и изградба на патот Прилеп-Битола,а  за пензионерите тој најави декауште во првата година ќе има линеарно зголемуваење на пензиите за 5000 денари.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на состојбата во здравството и случувањата во Битолската и Прилепската болница тој истакна дека состојбата во здравството е катастрофална, дека постои криминал и незаинтересираност поради што пропаѓаат болниците. „Но ,ВМРО-ДПМНЕ планира сериозна реформа во здравството, прво крај на криминалот и корупцијата и втор чекор регионализација и стимулирање на здравствените работници.“ рече Николоски.

„Во однос на состојбата со здравството таа е катастрофална, гледам дека еден поранешен министер за здравство почна јако да се рекламира последните денови веројатно мисли дека граѓаните заборавија што се случуваше во неговиот мандат, кога Македонија за жал уриваше црни рекорди по смртност во делот на пандемијата со корона и кога освен гол пи ар не се правеше ништо друго. Гледам дека со истиот гол пи-ар се продолжува и сега, наместо да се лечат пациенти и да се спасуваат животи, со камери им се влегува на операција што е дно, нема збор да се употреби и една работа која што е прашање на етика и морал. Така што во такви услови состојбата во здравството е катастрофална, поделена е на личен пи ар, на огромен криминал и на незаинтересираност и затоа пропаѓаат и Битолската и Прилепската болница. Не е тука прашањето дали некој е виновен во Битолската или во Прилепската болница, во двете болници нема соодветни услови за да можат соодветно луѓето да се лечат во Пелагонискиот регион и тука планираме една сериозна реформа која што почнува со првиот и едноставен чекор а тоа е да запре криминалот и корупцијата во здравството„-рече тој .

Oдговарајќи на новинарско прашање, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Прилеп за  набавката на транспортните хеликоптери во вредност од 250 милиони евра изјави „Министерката за одбрана Славјанка Петровска ѝдолжи одговор на јавноста зошто и како токму компанијата „Леонардо“ од Италија е избрана за од неа да бидат набавени хеликоптери во вредност од 250 милиони евра, а не се избрани другите компании кои конкурирале – голем француско-германски конзорциум, како и шведски и американски производител„ изјави Николоски додавајќи дека ова е расипничко трошење и ќе има одговорност по изборите.

Би можело да ве интересира

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Ќе бараме одговорност за уништување на општествениот имот (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Николоски: Додека не се откупи последниот кгр домашен тутун, забрана за увоз од странство

Гордана Цветаноска

Кандидатите за градоначалници на Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе