11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Нелогично но вистинито! Македонија во регионот е земја со најниска просечна нето-плата, но е лидер во раст на цените на становите

Во регионот Македонија е земја со најниска просечна нето-плата

Во однос на просечната плата во јануари 2024 година, Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра, додека Северна Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија која е на четврто место со просечна нето плата од 817,7 евра. Просечната плата во Босна и Херцеговина е 679 евра.

Просечната месечна нето-плата исплатена на вработен во Република Северна Македонија во јануари 2024 година изнесува 39.542 денари (643 евра), што е за 16,5 отсто повеќе отколку во јануари 2023 година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија Македонија. Зголемувањето е последица на зголемувањето на просечната месечна нето плата на вработените во секторите: Јавна администрација, одбрана, задолжително социјално осигурување – 27,8 отсто, водовод, канализација, управување со отпад и санација – 19,2 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарско стопанство – 19,1 отсто.

Македонија е лидер во регионот по поскапување на становите

Македонија е лидер во регионот по раст на ценатата за метар квадратен. Според анализата на бугарски 24 часа, минатата година недвижнините поскапеле за 20,6 отсто. Зад нас е Албанија – над 17,5 %,Бугарија под 10, Србија 6,5, Хрватска 3,5 отсто. Цените во центарот на главниот град, Скопје, во моментов достигнуваат од 2,000  до 2,5 илјади евра за квадрат. Поевтини се на периферијата, но и таму квадрат чини над 1,000 евра. Растот е нелогичен, велат од Сојузот на Стопанските Комори. Не го следи порастот на платите, а згора на тоа каматите на кредитите растат, така што интерес за купување имаат само тие што претходно заработиле пари.

Би можело да ве интересира

Земјоделците бараат контрола на брашното при увозот

Гордана Цветаноска

Две минимални плати недоволни ни за основните потреби на четворочлено семејство

Елизабета Филипоска

Намали тутунската откупна динамика, досега преземенo 65 отсто од производството

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе