7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Повисоки пензии со 5,3% денеска ќе „легнат„ на сметката на пензионерите

Денеска, околу 337.000 пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 5,3%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Новата методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Пресметките покажуваат дека зависно од групата, пензионерите можат да очекуваат зголемување од 600 до 3.000 денари.

Најниската категорија пензии која се движи од 12.500 до 16.000 денари, во која спаѓаат 40% од пензионерите ќе добие зголемување на пензијата од  662 до 850 денари.

93.000 пензионери кои земаат пензија од 20.000 до 32.000 денари, ќе добијат зголемување од 1060 до 1.696 денари.

Оние, пак, кои досега земаа пензија меѓу 30.000 и 50.000 денари, ќе добијат зголемување од 1590 до 2.650 денари, додека тие кои земаат пензија повисока од 54.000 денари ќе добијат зголемување од околу 3.000 денари.

Во текот на мината и оваа година, пензионерите протестираа поради големите разлики меѓу најниската и највисоката пензија. Барањата за зголемување на пензиите беа насочени кон линеарно зголемување од 5.000 денари, а минималната пензија требаше да ја следи минималната плата.

Би можело да ве интересира

Ин мемориам: Почина Љупчо Перканоски, сопственикот на Авто Контрол

Гордана Цветаноска

Донација од 180.000 денари за Центарот за деца со церебрална парализа од турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2017“

Гордана Цветаноска

Традиционални Василичарски огнови низ општина Новаци

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе