5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Тошковски: Зголемена полициската ефикасност во ОВР Прилеп последните два месеци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.04.2024) во прилепскиот регион беше во посета на полициските одделенија Кривогаштани и Ропотово и одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп, каде одржа работни состаноци со раоводниот кадар на тие организациски единици.
На подрачјето кое го покрива ПО Кривогаштани со 13 населени места безбедносната состојба е стабилна и оваа организациска единица е една од ретките каде кадровската пополнетост е на највисоко ниво.
Што се однесува до ПО Ропотово има недостаток на раководен кадар и што поскоро треба да се направат соодветни распоредувања со цел да се овозможи непречено функционирање на одделението.

„ОВР Прилеп се соочува со недостаток на службени возила кои се неопходни за ефикасно постапување, но сепак во делот на реализирани кривични дела се бележи зголемена ефикасност во последните два месеци. За оваа полициска станица советот на Општина Прилеп избра командир, но од страна на Владата беше поништен актот доставен од моја страна поради што бев спречен да донесам решение за негово назначување се до вчера кога добив правосилна пресуда од Управниот суд со која е поништена ваквата незаконска одлука на Владата, па така во наредните денови ПС Прилеп ќе добие командир,“ констатираше министерот Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање за запалените возила во Прилеп, Тошковски потенцираше дека секој кривично правен настан на штета на граѓаните ќе бил санкциониран.

Би можело да ве интересира

Прилепска Пиварница: За 100 годишнината – 100 засадени дабови дрвца

Ниска температура -6 степени и ова утро во Прилеп

Пела Редакција

30 денари од наплатата за паркинг простор за ПИВО ФЕСТ-от ќе биде наменет за хуманитарни цели одлучија советниците

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе