30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

И прилепските сметководители го поддржаа протестот

Попладнево и прилепските сметководители, како и во повеќе градови низ Македонија, го поддржаа протестот на Група на сметководители и овластени сметководители со кој се бара пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи. Протестот се одржа пред Управата за јавни приходи Прилеп.

Сметководителите бараат пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување, да бидат дел од  економските мерки за петтиот пакет, што го бара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија. Тие сметаат дека во ова време на пандемија им е попречено нормалото работење и извршување на обврските кон клиентите и државата.

Би можело да ве интересира

Состојбата во Прилеп во вондредни услови

Бојкотот од балканските земји поради високите цени во маркeтите се префрла и кај нас?!

Новогодишен концерт на учениците од Музичкото училиште Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе