11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Проданоски: Убеден сум дека лошото време за Македонија заврши

Средба со жителите на Беровци вечерва оствари потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на кандидатска листа за пратеници во четвртата изборна единица Александар Николоски, на која свое обраќање имаше и Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник. Посочи дека е убеден оти професорката Гордана Силјановска Давкова е вистинскиот кандидат за овие избори и дека ќе биде идниот Претседател на Република Македонија.

„ВМРО ДПМНЕ е следниот двоен победник на претстојните прво претседателски, прв круг на 24 ти април, втор круг на 8 ми мај, и на 8 ми мај парламентарни избори на кои што собраниското мнозинство ќе го има ВМРО ДПМНЕ. Се надевам дека тоа ќе биде апсолутно мнозинство со повеќе од 61 пратеник и дека новата Влада предводена од нашиот претседател проф. д-р Христијан Мицкоски ќе биде Влада која што ќе биде запаметена на овие простори во оваа наша држава иако напатена, намачена,оптоварена на товарот на криминалот и корупцијата конеќно ќе најде сила да се избори, да заврши злото претставено од ДУИ и СДСМ и дека конечно македонска Влада ќе управува со оваа држава.“

Проданоски посочи дека таквиот исход би бил заеднички успех на сите граѓани за Македонија да го фати патот како центар на Балканот и во иднина да биде горда членка на ЕУ, бидејќи е земја која располага со природни и човечки ресурси за подем.

„Убеден сум дека лошото време за Македонија заврши. ВМРО ДПМНЕ секогаш нудело решенија. Од ВМРО ДПМНЕ секогаш се очекувале позитивни политики, се очекувало позитивни трендови, се очекувало поправање на се’ она што не чинело. Сите мерења на јавното мислење одат на патот дека ВМРО ДПМНЕ ќе ја претставува државата во наредниот 4 годишен период.“

Во однос на работата на локалната власт во изменатиов период од мандатот, Проданоски посочи дека иако се соочувале со  сериозни предизвици било направено максимум со оглед на ресурсите бидејќи општинската каса била испразнета.

„Но за сметка на тоа со поддршка на градоначалникот и со неговата упорност направивме максимум од тоа што можеше да се исцрпи. Грешки имало, грешки ќе има и во иднина, но секогаш кога ВМРО ДПМНЕ ја предводи како локална, така и централна власт грешките се минимални. Кој што работи, велат и греши, но секогаш се работи во интерес на македонскиот народ. Посакувам во иднина и еве го задолжувам овде пред сите вас потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, носителот на листа за пратеници во 4 тата изборна единица, се надевам и иден  функционер во Владата на Република Македонија, г-дин Александар Николоски да обрне посебно внимание за Прилеп, за Пелагонија и за цела Република Македонија. Да не’ направат сите горди што сме жители на оваа држава и конечно моја животна желба е да гледаме што е можно повеќе да гледаме среќни лица, успешни луѓе и успешна општина и успешна држава, рече Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ и кандидат за пратеник во четвртата изборна единица на средбата со жителите на Беровци .

Би можело да ве интересира

Објавена листа на тел. броеви при сомнеж од коронавирусот. За Прилеп: тел 076/475 747

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп ги исплати субвенциите за клима уреди и велосипеди

Ковачевски: За финасирање на медиумите се бара одржливо и долгорочно законско решение за што е потребен консензус

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе