Александар Николоски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и носител на кандидатска листа за пратеници во 4 тата изборна единица, со прашања до кандидатот за претседател Стево Пендаровски, 3 плус едно гратис како што рече, и 5 прашања за носителот на пратеничка листа во четвртата изборна единица Венко Филипче ја започна денешната средба со граѓаните во Беровци. Тој побара масовна референдумска излезност на изборите:
„Никој не прашува дали и ВМРО ДПМНЕ ќе победи, туку како и со колку ќе победи. Никој не прашува дали Гордана Силјаноска Давкова ќе победи, туку со колку ќе победи. Има бројни таканачени сценаристи кои што размислуваат на разни сценарија. Едно од главните сценарија им е да го бојкотираат вториот круг на избори со цел изборите да не успееле. Најдобар начин да се спротивставиме на таа работа е масовна излезност на 24 ти април, 6 цифрена разлика од над 100 000 гласа за Гордана Силјаноска Давкова како би можеле да ги демотивираме сите оние кои размислуваат на таков начин.“
За Пендаровски, тој посочи дека сака да се претставува како чесен и човек без скандали, меѓутоа во реалноста не било така. Николоски ги потенцира прашањата кои секаде ги поставувал се’ додека не ги добие одговорите:
„Дали знае каде е Беровци е бонус. Прво: ако е толку чесен зошто го потпиша Законот за измени на кривичниот законик со кој што се направи амнестија на криминалците; Второто прашање е каков е тој чесен претседател кој што збор не кажал за ниедна крими афера која што се случува во државата. И третата работа е: каков е тој чесен претседател кој што дозволува кампањата да му биде финансирана од крадени ваши народни пари, главно преку тендери од Рударско Енергетскиот Комбинат Битола,“ рече Николоски.
За својот противкандидат во ИЕ 4 Венко Филипче, Николоски посочи дека очекувал дека ќе бара да се скрие од јавноста и никогаш да не се потсети на она што го правел, наместо да се врати во политиката. Прашањата до него се: – Каква е неговата улога во случајот со модуларната болница во Тетово кога изгореа 14 луѓе?
– Колкава е провизијата која ја одби од фирмата за трговија со јужно овошје „Стабри“, регистрирана во Хонк Конг за вакцините против корона;
– каква е неговата улога во приватизација на стерилизација во здравствените установи во Македонија, која ја доби албанска фирма, за која има ист скандал во Албанија;
– Каква е неговата улога во притисокот врз сопственикот на една голема болница во Македонија, истата да ја продаде на албански бизнисмен Клодијан Алабеу?
– Каква е неговата поврзаност со семејството Пановски, сопственици на веледрогеријата Пановски, главни протагонисти во аферата „Онкологија“?