14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Силјаноска Давкова: горда сум на Прилеп, а наскоро ќе се слават 80 години од АСНОМ, од Ченто

Во рамките на кампањата на претседателската кандидатка на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вечерва се одржа голем народен митинг во Прилеп на кој што беше презентирана дел од програмата на претседателската кандидатка Гордана Силјаноска Давкова, како и реплики за говорот на омраза.

„Секогаш кога се интонира химната човек го анализира секој збор, зашто таму има многу што да се каже. Во химната се вели дека се раѓа нов ден. А Прилеп заслужува зазорување зашто е град на кој сите сме горди. Кога се соочувам со проблеми ми текнува дека прилепчани се главни со смислата за хумор и со смислата за живот кои ми даваат енергија“, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова на почетокот во обраќањето на митингот вечерва во Прилеп.

Таа посочи дека многу се зборува за владеењето на правото и оцени дека во Македонија има „владеење на конзули“, односно како што додаде, имаме владеење на недемократи, што е голем проблем за државата.

„Затоа оценката на Фридом хаус е дека имаме цикличен режим, режим што се врти во круг. Затоа ни се случува најголема сиромаштија, смртност, партизирано судство, Уставен суд кој не ги штити законите, абнормален број на факултети кои печатат дипломи одкаде имаме вработувања во државните институции кои го кршат костурот на државата. Кога нема мерит систем, кога не доаѓаат најспособните на важни места, добивате лица кои аздисуваат без знаење и стручност. Тоа се луѓе кои ве убедуваат дека се тука заради вас. И ви велат дека застапуваат европски стандарди, рече Силјаноска Давкова која повтори дека ќе се залага за доближување на функцијата Претседател до граѓаните преку отворање на народни канцеларии.

Воедно Сиљановска Давкова ќе се заложи за поголемо учество на жените во Армијата и рече дека во војните главната жртва е жената и нагласи дека жените можат да дадат придонес во зачувување на мирот.

Како еден вид реплика кон еден од противкандидите, Сиљановска Давкова рече дека бидејќи се повикува на стратешкиот партнер, ќе му каже една анегдота: „Роналд Реган во една прилика вели: Ми зборувате за мојата старост, но јас нема да зборувам за вашата младост, ама ќе победам“, рече таа .

Би можело да ве интересира

Петреска од ОК ВМРО-ДПМНЕ :Сугарески и Јованоски се фалат дека направиле нов пат со дебелина на асфалтот од 5-6 цм

Елизабета Филипоска

И, Лепа Брена се најде на нејзиниот фризерски под

Елизабета Филипоска

Прилепските матуранти традиционално со песна и тапани во центарот на градот ја прославија својата матура ( ВИДЕО +ФОТО )

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе