11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Утре почнува капањата и за парламентарните избори, а 24 април и 8 мај се неработени денови и нема да се одработуваат

Денеска претставници на подносителите на листи за кандидати за пратеници во Собранието на република Македонија ќе потпишат Кодексот за фер и демократски избори. Утре започнува кампањата за парламентарните избори. До 22 април на полноќ, кампањите за претседателските избори и за парламентарните избори се преклопуваат, а кампањата за парламентарние избори ќе се одвива и за време на молкот за претседателските избори.

Ноќеска на полноќ, пак, заврши рокот за пријавување на болни и изнемоштени за гласање на претседателските избори на 24 април.

На претстојните парламентарни избори ќе настапат: Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија.

Единаесетите парламентарни избори ќе се одржат на 8 мај.

24 април, кога ќе се одржуваат претседателските избори и 8 мај кога ќе се одржуваат парламентарните избори ќе бидат неработни денови, одлучи Владата вчера на 16. седница. Овие денови ќе бидат неработни за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател и за пратеници во Собранието и  нема да се одработуваат, стои во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Прилеп се вклучува во Светскиот ден на чистењето

Гордана Цветаноска

Градската болница се закити со признание од Владата

Гордана Цветаноска

Се креира програма за работа со надарени деца во градинките

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе