11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кодексот за фер и демократски избори не го потпишаа 7 учесници на парламентарните избори

Од 17 учесници на изборите, 7 не се обврзаа дека ќе го почитуваат кодексот за фер и демократски избори ( четири не испратиле свои претставници, а тројца од присутните не го потпишале кодексот за фер и демократски избори). Големите политички субјекти го потпишаа кодексот. Претседателот на „ГРОМ“, Стевчо Јакимовски, кој не го потпиша ниту кодексот за претседателските избори, и овојпат одби да стави потпис. Покрај него, не се потпишаа ниту претседателите на партиите „Демократи“ и „Работничка партија“.

Сметаат дека изборите нема да бидат фер, затоа што актуелниот Изборен законик ги фаворизира големите партии. Дел и од тие што потпишаа се пожалија на неправедна распределба на државните пари. Кандидатот за претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ–За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска во Државната изборна комисија го потпиша Кодексот за фер и демократски избори, за Парламентарните избори 2024. По потпишувањето Димитриевски во изјавата за медиумите и јавноста рече дека сепак потпишале само форма, а не суштина. Тој додаде дека колку се демократски, колку се праведни, дали се правилни изборите и дали даваат еднакви можности за сите, покажува реалноста.

„Големите политички субјекти од народни, државни пари ќе добијат за политички маркетинг девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па граѓаните нека заклучат“,рече Димитриевски.

Од „Левица“ не испратија свој претставник, а немаше потписници ниту од партиите „Родина“, „Трета“ и „Единствена Македонија“.

Кампањата за парламентарните избори почнува утре, а првиот круг од гласањето е на 8 мај.

Би можело да ве интересира

Бука околу прилепските фонтани

Елизабета Филипоска

Димитриевски од ЗНАМ го прифати повикот за национално обединување на Мицкоски

Пела Редакција

Во Ѕуница одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе